4 години единствен портал за тинејџери: Хаштаг слави роденден

4 години единствен портал за тинејџери: Хаштаг слави роденден

Објавена во: Совети // Другарство

Во јавноста се појавивме тивко, ненаметливо, посветено, со многу волја за работа и мала интерна забава. На 2 октомври во 2018 година, македонските тинејџери добија портал, кој секојдневно се труди да обработи што повеќе теми, кои на било кој начин ги интересираат. Тогаш уште неискусни, полека, но сигурно почнавме да чекориме по скалите на успехот, а денес 4 години подоцна, одговорно стоиме зад секој напишан збор.

Многу талентирани деца ги раскажуваат своите приказни и идни желби, акцент ставиваме и на секоја млада музичка ѕвезда која ќе се појави на нашата сцена, неколку матуранти испративме на студии во странство, за подоцна да го споделат сопственото искуство со нас, познатите личности ги навраќаме на тинејџерските денови и голем дел од нив веќе ги споделија најинтересните моменти од тој период во животот, секако ги следиме и светската и балканската јавна сцена - тука се и Џастин Бибер, Селена Гомез, Чарли Д'Амелио, Анастасија Ражнатовиќ, Бака Прасе и сите други познати личности кои се во центарот на вашето внимание.

Низ овие четири години видовме колку пораснаа малите ѕвездите од музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“, го следевме растот на најпопуларната социјална мрежа - ТикТок, бевме сведоци на многу драми на Јутјуб, со вас споделивме безброј совети - како модни, така и животни, но тука се и важните моменти од животот на македонската јавна сцена.

Во сето ова, безрезервна помош добиваме од Фактор, под чија капа функционираме, како и од Женски магазин, кој за нас се грижи како мајка и Машки магазин, со кој понекогаш имаме многу слични интереси. Кога веќе ги споменавме сите нив, би сакале оваа прилика да ја искористиме за да им ги честитаме родендените на Фактор, кој веќе 10 години разработува есклузивни и проверени бизнис вести и на Женски магазин, кој 5 години ја става жената на пиедесталот.


Р.Х.


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: