Ако била премиерка, не значи дека не треба да живее: Поранешната финска премиерка ужива во луди забави

Ако била премиерка, не значи дека не треба да живее: Поранешната финска премиерка ужива во луди забави

Објавена во: Мода // Moj стил

Поранешната премиерка на Финска, Сана Марин, одлучи да ги отфрли оделата и свечената облека типични за политичарите и се фрли на забава.

На Инстаграм таа објави неколку фотографии од музичкиот фестивал Flow кој се одржа во Хелсинки од 11 до 14 август.

Сана, неколку месеци по разводот, позира во неколку изданија - црн полупроѕирен фустан, розов тесен фустан и кожено мини здолниште и блуза. Изгледа дека таа се посвети на приватниот живот и забавите по поразот на парламентарните избори во Финска, а чие место го презеде Петри Орпо од Националната коалициона партија.

Претходно Сана беше критикувана поради видеата од забавите на кои често одела додека била премиерка. На едно од видеата се гледа како Марин танцува во четири часот наутро во клуб во Хелсинки, а има тврдења дека таа и нејзината придружба користеле дрога. Сана потоа била тестирана за дрога и имала негативен резултат.

"И јас сум само човек. Ја работам својата работа. Научив од ова... Се надевам дека луѓето внимаваат на работата што ја работиме, а не на она што го работиме во слободното време", коментирала таа еднаш.

Поранешната финска премиерка пред повеќе од два месеци објави дека се разведува од сопругот Маркус Раиконен со кого беше во брак три години, а вкупно 19 години заедно. „Благодарни сме за 19 години заедно и нашата сакана ќерка. Ќе останеме најдобри пријатели“, објави Сана на својот Инстаграм профил


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: