Антиќ и Мачка со синовите на натпревар на „Црвена ѕвезда“: Стоечки овации за Перо во Белград (ФОТО)

Антиќ и Мачка со синовите на натпревар на „Црвена ѕвезда“: Стоечки овации за Перо во Белград (ФОТО)

Објавена во: Спорт // Кошарка

На синовите им ја пренесуваат љубовта кон спортот...

Перо Антиќ со своите помали синови и Александар Димитровски Мачка со синот Дарен беа во Белград на натпревар на кошарскиот клуб „Црвена ѕвезда“, за кој играл и самиот Перо.

Од фотографиите кои може да се видат на социјалните мрежи може да се сфати дека поранешните кошаркари уживале, додека на своите синови полека им ја пренесуваат својата љубов кон спортот.

Иако малиот Дарен во еден момент за време на натпреварот заспал, сепак не може да му се замери, со оглед на тоа што има само 4 години.

Најинтересно е она што, при влегувањето во салата, нашиот кошаркар и единствен Македонец кој играше во НБА, беше пречекан со стоечки овации и громогласен аплауз.

По натпреварот, познатите татковци, ги почестија своите миленици во најпознатиот ресторан за брза храна и оттаму споделија уште едно селфи.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Спорт // Кошарка

Можеби ќе ве интересира: