Белите патики кои го освоија светот и ултрамодерни фармерки: Анастасија Ражнатовиќ ја запали Севиља со оваа есенска комбинација
Младата пејачка ги користи последните сончеви денови за да облече модерни и тренди парчиња
Популарната пејачка Анастасија Ражнатовиќ ужива во долгите прошетки посетувајќи атракции и историски места во Шпанија. Овој викенд изборот падна на плоштадот „Plaza de España“ кој се наоѓа во шпанскиот град Севиља.
Додека се шеташе застанала да се фотографира на еден од малите мостови кои се заштитен знак на оваа туристичка атракција и воодушеви многумина со тие фотографии.
Имено, ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ за оваа пригода облече ултра модерни фармерки од светол тексас, бела маица без ракави и бели патики кои, слободно може да се каже, го освоија светот.
За да ја разбие монотонијата, Анастасија реши целиот аутфит да го комплетира со прекрасна долга розова јакна и мала чанта и очила за сонце во иста нијанса.
Ова не е прв пат убавата пејачка да споделува фотографии од улиците на Шпанија, бидејќи поради врската со фудбалерот Немања Гудеља почесто е таму отколку во Белград.
Извор: glossy.espreso.co.rs