Бизарен тренд: Девојки ставаат менструална крв на лицето како маска - еве зошто да НЕ го правите тоа (ВИДЕО)
Трендот брзо се шири низ социјалните мрежи.
Пред да помислите да го пробате ова, веднаш да ви кажеме - НЕ. Девојките го прикажуваат ова како одлична работа и нешто од што вашата кожа може да има корист. Но, што вели експерт за кожа, дерматолог?
На TikTok можете да најдете корисни нови трикови и совети, но и луди трендови кои не треба да почнете да ги следите. Ова е еден од нив. Можеби сте налетале на вакво видео, можеби не, но еден од трендовите што се шири е девојките да ставаат менструална крв на лицето и всушност да ја користат како маска за лице. Не е нов тренд, бидејќи пред неколку години беше хит на Инстаграм, а сега е и на ТикТок. Некои девојки велат дека ова е најдобрата тајна за убавина досега и дека така се поврзуваат со својата женственост, но колку и да кажуваат добри работи, не правете го тоа!
Некои дури спомнуваат дека на овој начин ѝ помагаат на кожата на лицето да изгледа најдобро бидејќи крвта содржи добри работи за кожата. Ако тоа ви изгледа како нешто што сакате да го пробате - немојте.
На едно такво видео реагираше дерматолог и јасно објасни зошто не треба да го прави тоа.
Девојките го прават тоа така што собираат крв во менструална чаша и ја ставаат на лицето, додека други прво ја ставаат во фрижидер. Како прво, крвта не се собира на стерилен начин, што значи дека во неа има бактерии и пот, која потоа на овој начин ја ставате на кожата на лицето. Дополнително, ако случајно имате некоја бактерија долу, а не знаете, на овој начин ширите бактерии и вируси на вашето лице. Постојат третмани кои користат крв од лицето, но не и менструална крв! Ова се прави на други начини и под други услови. Нема шанси да е во ред да го правите тоа сами. Значи, менструалната крв како маска за лице – големо НЕ. Нема да имате корист од тоа, можете само да си наштетите.
извор:teen385