Боја на коса која е тренд на ТикТок: Сега е официјално - ова е дефинитивно најбараната нијанса за 2023 (ВИДЕО)

Боја на коса која е тренд на ТикТок: Сега е официјално - ова е дефинитивно најбараната нијанса за 2023 (ВИДЕО)

Објавена во: Мода // In and Out

Нема сомнеж дека оваа пролет ќе биде во знакот на црвените тонови, но само една нијанса ќе биде апсолутен владетел во текот на следната сезона - „cherry cola“.

Црвените нијанси дефинитивно ќе бидат тренд и оваа 2023 година, со еден исклучок - портокаловите нијанси полека, но сигурно ќе се заменат со потемни и побогати тонови на црвената боја, меѓу кои посебно се издвои „cherry cola“.

Всушност, оваа нијанса последните недеи е на врвот кога е трендингот на ТикТок во прашање, но и на другите социјални мрежи, а фактот е дека сѐ повеќе ја бојадисуваат косата во оваа нијанса доволно говори за нејзината популарност.

Само хаштагот #cherrycola има повеќе од 47.5 милиони прегледи, а и варијациите на темата не одат под неколку милиони прегледо. Често ја одбираат бринетите кои сакаат на својата коса да ѝ дадат поголема длабочина, но интересно е и дека сѐ повеќе русокоси преминуваат во црвенокоси, бидејќи „cherry cola“ нијансата дава свежина на лицето, за разлика од другите црвени нијанси.

Во продолжение погледнете неколку идеи, кога е оваа нијанса во прашање:





фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: