Боја на коса која сѐ повеќе се бара во фризерските салони: Темна е како полноќ, но има нешто посебно во неа (ФОТО)
Ако на својот стилист за коса му кажете дека сакате „црна боја како полноќ“, веднаш сѐ ќе му биде јасно...
Серијата Венсдеј ја започна „goth glam“ револуцијата, односнот стилот близок со готичкиот, но кој повторно никогаш не бил волку елегантен како сега.
Поради тоа, сите оние кои отсекогаш имале љубов кон црната боја, конечно дојдоа на своето. Бидејќи модниот свет црпи инспирација од трендовите од 90-тите, во фризерските салони оваа година ќе се бара една боја која е драматична, софистицирана и елегантна.
Станува збор за црна боја на коса, но не било каква, туку црна боја како полноќ. Можеби се прашувате каква боја е таа? Станува збор за најтемната можна нијанса на црна коса, со руси нијанси за да добиете луксузен сјај.
Можеби не е најсреќното решие за девојките кои имаат изразено блед тен, но на девојките со потопол тен, ќе им стои одлично.
@lg.coiffeurcoloriste Midnight Blue #pourtoi #foryou #bluehair #coiffeur #metz #coiffeurmetz #hair Pump - Valentino Khan
Оваа боја на коса не е многу тешка за одржување. Единствено може да биде проблем доколку вашата природна боја на коса е многу светла и ако косата ви расте брзо, па ќе морате постојано да одите на фризер, за да го сокриете израстокот.
Црните девојки секогаш се сметале за фатални жени кои магнетски привлекуваат. Дуа Липа, Кендал Џенер, Деми Ловато, Ванеса Хаџенс и Меган Фокс се верни на темната коса или Ким Кардашијан која повторно се врати на црната боја, се доволен доказ дека би можеле и самите да го испробаме овој тренд.
фото: Принтскрин / Инстаграм