Браќа хобито го претвориле во бизнис: Заедно немаат ни 18 години, а веќе заработуваат „сериозни“ пари (ВИДЕО)
Јарослав (11) и неговиот помлад брат Елисеј плетат дизајнерски шалови и капи...
Браќата од Русија имаат хоби кое им носи приходи.
Јарослав (11) и неговиот помлад брат Елисеј плетат дизајнерски шалови и капи. Мајка им безрезервно ги поддржува во тоа. Таа за рускиот „Ruptly“ објасни како започнала целата приказна.
„Првата капа ја направија за другарка која живее во друг град. Ѝ ја испратија, а потоа таа им испрати пари во знак на благодарност. Така се роди идејата. А, потоа почна да добива замав.“
Заработуваат иако се уште деца, па така од својот бренд можат да заработат околу 20.000 рубљи (300 евра) за помалку од една година со тендеција нарачките да растат.
„Јас сакам да заработувам правејќи го она што го сакам, но повеќе од сѐ го сакам плетењето. Секако, би можел да плетам и бесплатно, но предивото е прилично скапо, ккао и времето кое го поминувам правејќи ги нарачките.“ - објасни Јарослав, кој покрај шаловите и капите, плете и облека за кучиња.
Брат му му помага во сѐ.
Момчињата планираат да го промовираат својот бренд и на социјалните мрежи, што секако може да им донесе голема популарност, но и заработка која ја заслужуваат.
фото: Принтскрин