Чорапи со кои наскоро сите ќе бидат опседнати: Модно парче во кое се заљубивме (ФОТО)
За ревијата на „Шанел“ на модната недела во Париз се зборува со денови, а креативната директорка Вирџини Вијар и овој пат одлично се снајде.
„Шанел“ е синоним за класика и внимателно избрана естетика која од година во година повторно не воодушевува, а овој пат не воодушеви колекцијата пролет/лето 2023 година.
Секое парче е светло, разиграно, шик, но во исто време практично и удобно, што всушност и е неопходно на модерната жена.
Моделите блеснаа во волшебните креации кои само оваа модна куќа може да ги дизајнира, а посебно се истакна еден детаљ – мрежасти, светкави чорапи.
Како што можете да видите, во колекцијата доминираа различни нијанси на сива, беж, розова, но и неизоставената црна боја.
А, покрај комплетите, фустаните и сакоата од твид, оваа сезона очигледно хит ќе бидат и секси чорапите.
Извор: zadovoljna.nova.rs