Децата од Литл Ми го одбележаа денот на шегата со силна порака - „Сакам да сум пример за сите деца, но и за возрасните“
Деновите пред први април се секогаш динамични за родителите и најрадосни за децата. Секое дете има интересни идеи и сака неговата маска да биде различна и уникатна. Најчесто дечињата сакаат да се маскираат во пожарникар, принцеза, астронаут, балерина, бубамара, мајстор или во некој од своите омилени цртани јунаци, а првоаприлската забава во градинка за нив е посебен настан кој го очекуваат со нетпрение.
Главната цел на градинката Литл Ми е да создава генерации кои ќе направат промени во општеството. Децата кои се дел од Литл Ми семејствотоучествуваа на првоаприлскиот маскембал и освен што имаа креативни маски и што уживаа во одличната забава со другарчињата, добија и признанија со силна порака, кои се од големо значење за нив, односно за личноста во која треба да прераснат.
„Сакам да сум пример за сите деца, но и за возрасните! Верувам дека доколку секој од нас би бил добар човек, светот ќе биде поубаво место за живеење. Со својата детска непосредност, сакам да испишам приказна во која добрината, солидарноста, хуманоста, љубовта и среќата ќе ја имаат главната улога. Сакам да сум дете кое прераснува во човек со многу доблести и ја има зрелоста да ги препознае вистинските вредности во животот“.
Од принцези до супер херои, секој дете е посебно на свој начин. Со среќа во очите ги примија признанијата и преку игра и забава, научија дека лагата и шегувањето на туѓа сметка е во ред само за први април и дека да се биде добар човек, е многу поважно од било кој маскенбал.
Како и секогаш, така и вчера во градинката Литл Ми владееше позитивна енерггија, зад секоја маска се криеше широка насмевка, ечеше весел детски џагор и се создаваа спомени кои децата постојано ќе ги потсетуваат дека добрината, солидарноста, хуманоста, љубовта и среќата се најскапоценото нешто што треба да го поседуваат.
За да ги погледнете вчерашните супер херои, сирени, далматинци и принцези, отворете го следниот линк https://www.instagram.com/p/C5OWqThMj43/?img_index=4. А во меѓувреме семејството Литл Ми продолжува да расте и со тоа ја продолжуваат нинвата мисија – насмеани, воспитани и едуцирани деца.
Пр објава