Десетгодишно девојче има свој бизнис и заработува по 170.000 евра месечно: Живее во вила вредна 5 милиони евра

Десетгодишно девојче има свој бизнис и заработува по 170.000 евра месечно: Живее во вила вредна 5 милиони евра

Носи дизајнерска облека, а за 10-от роденден добила „мерцедес“ вреден 53.000 евра...

Пикси Џансенко (10) е инфлуенсерка од Австралија која пред два месеци отвори своја фирма, секако, со помош на својата мајка Рокси Џансенко која ѝ е безусловна поддршка.

ТИе две во август оваа година беа на мета на критики поради 10-от роденден на Пикси, кога нејзината мајка на социјалната мрежа Инстаграм се пофали со скапоцените подароци, меѓу кои беа папучи „Баленсиага“ кои чинат 300 евра, скапоцена персонализирана торта и автомобил „мерцедес“ вреден 53.000 евра.

По лавината негативни коментари, мајката и ќерката одлучија накратко да се повлечат од јавноста, а потоа пред два месеци објавија дека отвараат фирма.

„Нашата работа е производство на играчки, но и додатоци за коса. Заработуваме огромна сума на пари и доколку вака продолжиме, Пикси ќе може да се пензионира на 15 години.

Воодушевена сум од нејзиниот претприемачки дух на толку млади години. Јас никогаш не бев таква. Вистина е дека на 14 години почнав да работа во ланец за брза храна, но сите млади тогаш работеа и не беше ништо чудно.

Меѓутоа, никогаш не сум го имала тој претприемачки дух и драго ми е што таа го има“ - вели Рокси, мајката на Пикси.

Таа открива дека оваа работа им овозможила да живеат во вила во Сиднеј која вреди повеќе од 5 милиони евра, а Пикси, иако е толку млада, носи дизајнерска облека и од новиот бизнис заработува по 170.000 евра месечно.


Можеби ќе ве интересира: