Едноставно, суптилно, а сепак гламурозно: Стилистот Даниел Николовски со предлози за шминка и фризура за матурантите

Едноставно, суптилно, а сепак гламурозно: Стилистот Даниел Николовски со предлози за шминка и фризура за матурантите

Објавена во: Stars // Интервјуа

Деновиве започна славењето на матурите. Денот кој е посебен за матурантите, тие тогаш го заокружуваат своето средно образование и крајот на безгрижната ера.

Матурантките и матурантите со денови се двоумат што да облечат на својата матурска вечер, каква тоалета или костим да носат, која боја, но не помалку битни се и фризурата и шминката кои треба да пасуваат со одбраниот аутфит.

Токму на тема совршена шминка и фризура за матурската вечер зборуваме со еден од најдобрите стилисти кај нас, Даниел Николовски.

Тој со години ги дотерува матурантите, невестите, познатите личности од естрадата и не само од кај нас туку од целиот регион.

Николовски за матурите 2023 година предлага природен изглед, ништо претерано, и потенцира дека така според него ќе добиете безвременски изглед.

# Кои фризури се актуелни оваа сезона на матури?

- Матурите се еден убав настан и многу важен во животот. Јас предлагам како и секогаш безвременски изглед. Што се подразбира како безвременски изглед?! Лабави локни и брановидна коса доколку е пуштена, пожелно е и надградба доколку имаме недостаток на густина или должина на коса но се во границите на природен изглед, ништо претерано.

Доколку се одлучиме за собрана коса предлагам исто така природна и лабава фризура собрана во пределот на темето, а опавче секогаш е во мода без разлика дали е со патец или цврто затегнат. 

# Ако е фустанот со деколте како стилист за коса каква фризура им предлагате на матурантките, а каква за оние кои се одлучиле за позатворен горен модел на фустан?

- Сепак изборот на фризура е секогаш во консултација со клиентот. На затворен фустан најдобро би прилегало собрана фризура или доколку е пуштена сепак да биде повлечена према назад за да може да дојде до израз лицето и шминката. Но доколку имаме поизразено деколте сепак косата предлагам да остане пуштена и поскромна за да го задржиме изгледот на матурантка. Сепак матурантките се многу млади и предлагам да не експериментираат со изгледот токму за тој битен настан.

# Да не ги заборавиме и машките матуранти, кои се модерни машки фризури оваа сезона?

- Машките исто така во денешно време посветуваат доста внимание како и девојките. Но природниот изглед не е изоставен и кај нив. Добро ишишаната коса со природни или направени локни ќе го надополни  младелашкиот изглед, доколку некои од машките се одлучат за варијанта одело сепак фризурата треба да биде по неофицијална. 

# Дали идните матурантки се советуваат со вас како стилист за коса, за каква фризура да одберат за матурската вечер?

- Секако, секогаш се консултираст со мене и со мојот тим. Секогаш имаме предлози и на наша среќа во денешно време матурантките се добро информирани за модата бидејќи имаат многу прилики да го видат тоа по социјалните мрежи при што нормално ни ја олеснува работата и на нас како тим.

# Кои бои на коси и кои видови на нијансирање се најбарани во моментот?

- Благо нијансирани коси со природен изглед. Доколку косата е светла нијанса предлагам да е топла и да има природен и сјаен изглед, темнокосите исто така предлагам да направат мала промена со посветли топли прамени но сепак да се задржи природниот изглед. 

# А каква шминка е тренд број еден сезонава?

- Светот на шминката нема граници, но како што напоменав и претходно преферирам природен изглед сепак матурантките се девојки на отприлика 18-19 години и најдобро е да изгледаат по природно. Убава подлога и тен на лицето со природено руменило. Пастелни и земјени тонови на сенка за очи убаво изразени природни трепавици, доколку има потреба дополнување и исцртување на веѓи и убав кармин исто така во природен тон но, некогаш во завистост од стилот на облеката може да се стави и поинтензивна боја на кармин.

# Дали некои матурантки сакаат посилна, необична шминка? Или повеќето преферираат нежна шминка?

- Како што напоменав претходно сѐ е во зависност од матурантката и облеката. Сепак оние што ја знаат мојата работа точно знаат дека јас преферирам природен изглед со нежна до средно силна шминка. 

# Дали како невестите што прават пробна шминка и фризура има и матурантки кои го практикуваат истото?

- Во мојот салон јас и мојот тим со нашето долгогодишно искуство не правиме пробна шминка и фризура но, затоа секогаш се консултациите тука на кои одлучуваме што ке работиме на денот на терминот.

# Кој е ваш совет број еден во однос на шминката за матурантките годинава?

- Едноставно, суптилно а сепак гламурозно.

Н. Миланова

Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: