(ФОТО) Да не беше Чернобил, денес за нив ќе знаеше цел свет!

(ФОТО) Да не беше Чернобил, денес за нив ќе знаеше цел свет!

Објавена во: Спорт // Фудбал

Припјат пред чернобилската катастрофа бил млад град - просечната старост на жителите била само 26 години.

Градот Припјат благодарејќи на минисријата Чернобил од град на духови, стана вистинска туристичка атракција. Туристи од цел свет доаѓаат и го фотографираат овој град, кој сега го презеде дивината.

Можеби истите не се ни свесни дека местото каде што се сликаат за да објават фотка на социјалните мрежи, всушност би бил многу напреден крај.

Припјат е основан во 1970 година. Во тоа време Советите сметале дека Чернобил, односно нуклеарната енергија е побезбедна од традиционалните извори, како што е јагленот.

Започнале изградби на фабрики и младите градови како Припјат требало да бидат места каде што ќе се развива „чистата“ технологија.

Податоците од почетокот на 1986 година покажуваат дека просечната старост на жителите била само 26 години, а една петина од жителите (вкупно биле 49.400), била помлада од 18 години.

Поради младоста на градот и неговите жители спортот имал голема улога во секојдневниот живот. Имало 10 сали, 10 места за гаѓање, три базени и два стадиони.

Имало и забавен парк, за кој сведочи и познатата фотографија од рингишпилот кој денес безживотно стои во самиот град, пишува These football times.


За време на 70 - тите е основан ФК Строител Припјат, фудбалски клуб кој своите натпревари ги играл на еден од поскромните стадиони. Клубот го очекувал отварањето на тој голем стадиот за време на 80 - тите, но за жал тој момент никогаш не го дочекале.

Василиј Кизима Трофимовиќ е најзаслужен за развојот на овој фудбалски клуб и е добитник на престижниот Орден на Ленин, кој важи за највисоко одликувања на Советскиот Сојуз.

Овој тим полека, но сигурно се искачувал кон врвот. На почетокот, помеѓу 1980 и 1981 година биле аматерски прваци во киевскиот регион, а следните две години освоиле две регионални првенства и така ја зацврстиле својата доминација во внатрешноста на аматерската фудбалска сцена во Киев.

Веќе во 1982 година, овој тим завршил како второпласиран на Киевското фудбалско првенство, со само четири бода помалку од првакот. На тоа првенство Припјат постигнал рекорд за најголем број постигнати голови во еден натпревар.

Но, за зал почнала и катастрофата и токму на тој ден 26 април, требало на гости да им дојде екипата Машиностроителија во полуфиналето на киевскиот регионален куп.

Овој натпревар бил откажан и тоа како што кажува легендата, на начин што хелихоптер им слетал на стадионот додека тренирала екипата од Бородјанка. Од него излегол службеник и им кажал дека не треба да патуваат за Припјат бидејќи натпреварот е откажан.

Строител Припјат бил повлечен од шампионатот таа година, а играчите како и остатокот од луѓето биле евакуирани. На теренот се вратија следната година под името ФК Строител Славутич.

И покрај обидите овој клуб да опстане, во 1998  година згасна, иако немал многу поврзаност со оригиналниот Строител Припјат. И клубот и стадионот ги „изедело“ времето, иако стадионот се уште постои и сведочи за еден клуб кој да не се случеше катастрофата, можеби ќе беше еден од најдобрите во светот.


Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: