Фризер обичните кучиња ги претвара во жирафи или панди, а козите во ангели

Фризер обичните кучиња ги претвара во жирафи или панди, а козите во ангели

Креативниот фризер го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи, откако едно куче трансформираше во бушава ширафа...

Габриел Феитос во својот салон за разубавување на домашни миленичиња веќе 18 години дотерува многу кучиња.

Почна да работи кога имал само 12 години, бидејќи сметал дека е неверојатно луѓето да заработуваат работејќи со кучиња. Габриел побарал од фризерот на неговата сестра неколку лекции за совршена фризура за куче, а набрзо ја добил и првата работа во салон.

Како ги развивал своите вештини, истовремено ја истражувал креативноста во областа на негувањето на кучиња, а неодамна добил и тешка задача. 

Имено, сопственик на куче од расата „goldendoodle“, раса создадена од вкрстување на пудлица и златен ретривер сакал да го трансформира својот миленик во жирафа.

Оваа трансформација на кучето по име Купер ги воодушевила бројните корисници на социјалните мрежи.


Сопственикот на Купер воодушевен од изгледот на своето куче, искоментирал:

„Тоа е моето куче Купер и јас го сакам. Тој е мојот најдобар другар. Мислев дкеа ќе биде забавно и бев почесттен што Габриел се занимава со неговото негување. Поради својата популарност на социјалните мрежи, Купер сега е познат и дури и за време на секојдневните прошетки сите сакаат да се сликаат со него“.

Габриел се појави во емисијата „Pooch Perfect“ и откри дека креативната инспирација ја црпи од емотиконите и видеоигрите. Сопствениците обично сами му кажуваат што сакаат, а тој ја презема работата.

„Израснав на улица, а кучињата ми помогнаа да не западнам во неволји. Дефинитивно ми го спасија животот“ - кажа тој.

Неодамна едно куче го „претвори“ во неодолива панда.


А, една коза во ангел.

Без оглед на тоа што е навикнат кучињата накратко да ги трансформира во друго животно, не ретко добива и критики на сметка на својата работа, односно го обвинуваат дека овој начин на разубавување на кучињата е всушност злоупотреба на животните.

Во следното кратко видео објаснува како е неверојатно внимателен кон кучињата, но и дека боите со кои ги фарба се безбедни и може да се јадат, со цел животните да не поминуваат часови и часови во неговиот салом и да не им дава било какви седативи.


Можеби ќе ве интересира: