Го издувал носот во нејзиното лице, па заработи кривична пријава: По 4 години, конечно осуден контроверзниот Мерлин Менсон
Конторверзниот
музичар Мерлин Менсон денеска беше
осуден на 20 часа општествено корисна работа и парична казна откако на концерт
во Њу Хемпшир во 2019 година, призна дека го издувал носот во лице на
снимателка.
Како што пренесуваат медиумите, Менсон е обвинет за напад на снимателката Сузан Фонтен, кога тој ѝ пришол на сцената, го ставил лицето пред камерата што ја држела и двапати го издувнал носот врз неа.
Брајан Ворнер познат под уметничкото име Меерлин Менсон, беше обвинет по две прекршочни точки и го призна само обвинението за дување нос.
Пејачот треба да плати околу 1.400 долари, а судијата се согласи да му дозволи на Менсон да служи општествено корисна работа во Калифорнија. Менсон мора да обезбеди доказ за својата општествено корисна работа до 4 февруари.
Фото:youtube/screenshot