Го прогласија за херој: Осумгодишно момче на неверојатен начин му го спаси животот на соученик (ВИДЕО)
Момче (8) од Оклахома е прогласен за херој, откако му го спаси животот на соученик за време на одморот.
Ученик од трето одделение, Гарет Браун, седел со своите пријатели во мензата кога неговиот соученик, Кештон Јорк, почнал да се гуши од парчиња пилешко месо, пишува „ABC News“.
Наставничката по музичко, Џордан Нгуен, откри дека слушнала како децата врескаат и истрчала да види што се случува. Но, кога се приближила до масата, храната била исфрлена и Кештон повторно дишел.
Наместо да вреска, Гарет скокнал на другата страна од масата, застанал зад Кештон и направил неколку маневри на Хајмлих.
Гарет вели дека неговиот татко го правел тој маневар кога тој се гушел, и одлучил да го научи во случај да станува збор за било кој друг.
Пред неколку дена, училиштето „Lakeview Elementary“ одржа церемонија за да го изненади Браун, оддавајќи му почит поради брзата реакција. Добил награда за херој, бидејќи „храбро скокнал во акција за да го спаси другиот ученик кој се гушел“.
Во продолжение погледнете како изгледал тој настан:
Претставници од пожарната и полицијата биле присутни и го пофалиле семејството на Браун за тоа што нивното дете научило постапка за спасување живот, нарекувајќи ги неговите постапки „брзи и храбри“.
фото: Принтскрин / Јутјуб