Храбрата 6 годишна Селена: Поради Лука Модриќ сонувам преубави работи!

Храбрата 6 годишна Селена: Поради Лука Модриќ сонувам преубави работи!

Објавена во: Семејство, Фудбал

„Знаете кога го запознав Лука Модриќ, мене соништата ми се остварија. Тој беше најдобар на натпреварот и победи за мене“ - раскажува 6 - годишната Селена Бруњаји за 24сата.

Храброто девојче кое се бори со акутна лимфобластична леукемија, премногу сакала да го запознае својот идол Лука Модриќ. Писмото за Лука, кое минатата година во нејзино име го напишала постарата сестра Ванеса, стигна до капетанот на хрватската репрезентација. Покрај писмото од Лука, на домашната адреса на Селена пристигнал и пакет во кој имало фудбалска топка, која била потпишана од сите играчи на репрезентацијата и дрес од Лука со бројот 10. Средбата на Селена и нејзиниот идол ја заокружи целата приказна.

„Новинарите не побараа во јули и ни кажаа дека постои можност Селена да го запознае Лука, но тоа да не и го кажеме. Тој 7 јули и кажавме дека ќе одиме во Осијек на сладолед. Кога влезе Модриќ во просторијата, Селена се заледи. Таа, која вообичаено многу зборува, не можеше ништо да изусти. Лука и пријде и ја праша 'Што е?', а таа му одговори:

'Па ништо'. Ја праша колку години има и дали ќе дојде на натпревар, а Селена на работ на солзите му одговори дека нема, бидејќи нема карти и дека натпреварот ќе го гледа на ТВ. Тогаш Лука ги извади картите, и ги даде, а таа го замоли да биде најдобар и да победи за неа“ - се потсетува Моника Бруњаји, на најемотивните моменти во животот на својата ќерка. 

Иако средбата траела само неколку минути, Селена дури подоцна сфатила дека има еден тон прашања за својот идол, но од сите нив се сетила да го повика само на пикник.

„Сега сме повторно во проблем, бидејќи Селена очекува тој да дојде на пикник. И како да објаснам на дете од 6 години дека тоа не може да се изведе“ - додава нејзината мајка.

Селена го проследила натпреварот за кој Лука и подари карти, а вториот гол, кој го дал Лука ја довел до солзи.

„Ми кажа дека плаче бидејќи е среќна. Лука рече дека ќе победат за неа и го направија тоа. Таа навистина беше пресреќна, возбудена, иако е дете, натпреварот го гледаше од почеток до крај. Таа вечер пред спиење ми рече дека повеќе нема да има лоши, туку само убави соништа за Лука“ - се довери Моника, која е подготвена да направи се за да ја направи среќна својата ќерка која се бори со тешката болест од своите 3 години.


Извор: 24sata.hr

Објавена во: Семејство, Фудбал

Можеби ќе ве интересира: