Има 22 години и докажува дека управувањето со авион не е машка работа: Пилотка постојано добива сексистички коментари (ВИДЕО)

Има 22 години и докажува дека управувањето со авион не е машка работа: Пилотка постојано добива сексистички коментари (ВИДЕО)

Се надева дека со своите објави на ТикТок и искуството ќе ги охрабри другите девојки да ја изберат оваа професија...

Сабрина Џонсон се заљубила во летањето кога имала 14 години. Денес има 22 години и работи како пилот.

За својот начин на живот и сите предизвици и убавини на нејзината работа, со задоволство објавува содржини на ТикТок, каде што има повеќе од 70.000 следбеници. Оваа девојка ја обожава својата работа, но се соочува со хејтери кои чесот ѝ оставаат секакви сексистички коментари и тврдат дека е премлада за да управува со авион.

@sabrinaleej That last one was personal #flightinstructor #womaninaviation #ameliaearhart The Magic Bomb (Questions I Get Asked) [Extended Mix] - Hoàng Read

Иако зад себе има искуство со управување на авион, таа сè уште се бори да се вклопи во работата во која доминираат мажите, па често ја мешата со стјуардеса.

Во интервју за „Inside“ откри дека на нејзината одлука да стане пилот влијаел нејзиниот татко, кој на 14-годишна возраст ја однел на истражувачко летаање, каде сите оние кои сакаат да станат пилоти, можат да научат нешто повеќе за авионите.

На тој лет за заљубила и 8 години подоцна станала професионалец во својата работа.

„Кога е најоблачен ден, летам над облаците и ги гледам сонцето и зајдисонцето“ - открила во едно интервју зошто ја смета својата работа за магична.

Сабрина се надева дека ќе ги инспирира младите девојки никогаш да не престанат да ги следат своите соништа и никогаш да не дозволат ништо да им застане на патот. На својот ТикТок, таа објаснува што е потребно за да се стане пилот и многу реално покажува што може да очекувате од работата, па се надева дека ќе инспирира некои други девојки да ја изберат оваа професија.


фото: Принтскрин / ТикТок

Можеби ќе ве интересира: