Има само 9 години и е похрабра од многу други: Ќерката на Пинк ја придржуваше мајка ѝ во изведбата на неверојатната акробација

Има само 9 години и е похрабра од многу други: Ќерката на Пинк ја придржуваше мајка ѝ во изведбата на неверојатната акробација

Објавена во: Музика, Таленти

На доделувањето на Билборд наградите кое се одржуваше изминатиот викенд се појави нова ѕвезда: шоуто на многу суперѕвезди на денешницата им го украде малата Вилоу Сејџ.

Пејачката Пинк, која пред музичката кариера се заминавала со гимнастика, е позната по акробациите кои ги изведува на своите концерти и престижни доделувања на музички награди.

Нејзините необични перформански се многу креативни, необични и подразбираат храброст, а дека сето тоа од Пинк го наследила нејзината 9 - годишна ќерка Вилоу Сејџ имавме можност да видиме на овогодинешното доделување на Билборд наградите.

Пејачката и малата Вилоу го изведоа својот дует „Cover Me In Sunshine“, објавен во февруари оваа година, а за целото време се вртеа во воздух додека цврсто се држеа за јажињата на кои беа врзани. Пинк на крајот не криеше колку е среќна и горда, па го прегрна своето девојче и не можеше да ја тргне насмевката од лице.


За сè да биде уште поубаво и попосебно за Пинк, потоа Џон Бон Џови, нејзината прва симпатија, ѝ ја врачи наградата Icon Award.

Покрај Вилоу, со сопругот Кери Харт го има и 4 - годишниот син Џејмсон Мун.


Објавена во: Музика, Таленти

Можеби ќе ве интересира: