Јована наутро оди на факултет, попладне вози багери и камиони: Луѓето се изненадуваат кога ќе ја видат (ВИДЕО)

Јована наутро оди на факултет, попладне вози багери и камиони: Луѓето се изненадуваат кога ќе ја видат (ВИДЕО)

Студентката по архитектура, Јована Митровиќ, покрај факултетот работи и како возач на камиони...

Јована Митровиќ, студентка по архитектура, пред шест месеци положила за „Ц“ категорија и од тогаш не пропушта можност за од факултет да оди на градилиште и да ги вози камионите и багерите.

„Ги возам овие камиони, шлепери, ги возам и овие машини за работа, багери, ваљаци и сѐ што треба на градилиштето, зависно од ситуацијата. Станувам наутро, одам на предавања на факултет. Потоа се враќам дома и веднаш влегувам во камион. Завршувам доцна, обично доцна во ноќта“ - вели Јована.

Таткото на Јована е сопственик на фирма за градежништво и вели дека е среќен што неговата ќерка учествува во семејниот бизнис.

„Па, таа уште од порано, додека беше мала, доби желба, влегуваше излегуваше, го поместување, ја стискаше кочницата, секако на паркинг додека ги поправавме камионите. И тоа потоа ѝ влезе во крвта и потоа беше нормално да продолжи да работи како и ние. Има тешки работи кои женски и не може да ги работи, но тоа се ретки ситуации и ние сме тука да ѝ помогнеме“ - вели Горан Митровиќ, таткото на Јована.

Иако има само 21 година, може да застане рамо до рамо со искусните возачи. Кога ќе ја видат на патот, реакциите се секогаш позитивни.

„Тоа секогаш беше вака, тато ќе оди некаде, а јас одев со него. Каде и да тргнеше тој, секогаш ми викаше „каде ќе одиш сега, немој, пушти ме да одам сам“, но не, јас одев со него, така и беше, мислам постојано бев со него во камионот“ - напоменува Јована и додава:

„Секоја чест, како си се одлучила, па како толку млада, фина, убава девојка во камион“ - ги наброја Јована коментарите кои ги добива.

Работата се разликува од градиште до градилиште. Најдалеку, Јована сама со камионот патувала до Ваљево. Во иднина се надева и на подолги рути од 10 часа, а истакнува дека кога ќе заврши со факултетот, планира да го прошири семејниот бизнис.


фото: Принтскрин / Јутјуб

Можеби ќе ве интересира: