Ќара и возот од стакло (Епизода 9)
Двајцата партнери своето патување го променија, сега тоа веќе не беше авантура од соништата, нивното патување се претвори во истрага за изчезнувањето на малечката Лајла.
Кога конечно пристигнаа со возот во Венеција, тие ги оставија своите торби во еден друг хостел и веднаш се упатија на наведената адреса. Стануваше збор за едно мало кафуле. Тројцата детективи влегоа внатре и немајќи подобра идеја, нарачаа кафе. Ќара стана да го разгледа малото место и пгледот и го уловија полиците со книги, на кои се наоѓаше и нејзината омилена книга „Девојката од хартија“ . Не издржа, ја зеде в раце и ја отвори. На првата страница имаше посвета.
За прекрасната Ќара...
Следното писмо ќе го добиеш во местото каде што се изгуби погрешно испечатената книга.
Ќара знаеше, тоа место, тој град е Париз, но како таа ќе го добие тоа писмо во тој огромен град. Во книгата не пишуваше ништо друго, освен еден мал патоказ кон градот на љубовта.
Денот го поминаа во Венеција. Роберто резервира три авионски карти за Париз, а нивниот лет беше рано изутрина, така што им преостана само да уживаат во убавата Венеција. Пловеа со кајак, пиеа кафе, направија многу фотографии и навидум изгледаа среќно, но сечија душа тогаш страдаше.
Ноќта се спушти, Роберто заспа, а Огнен и Ќара разговараа.
„Не можам да поверувам дека овој човек е твојот татко“.
„Шшш... не знам дали е вистина“.
„Сè досега беше...“
„За жал, во право си. (Пауза) Види, нашево патување во што се претвори. Наместо да ги разгледувам убавите светски галерии и да шетам безгрижно, јас трагам по изчезнато девојче кое не ни го познавам, а некоја си Ќара од иднината ми тврди дека е моја полусестра“.
„Лудило, но сепак посебно е. Убаво е, зарем не?“
„Секако дека е убаво, но и страшно во исто време“.
„Нема нешто што не е страшно Ќара, ама мораме да се навикнеме да се предадеме на ризикот, да се жртвуваме и да уживаме во тоа што го имаме“.
„Како и секогаш си во право“.
„Ајде добра ноќ“.
„Огнен“.
„Да?“
„Те сакам, вистински. Многу ми е мило бидејќи се запознавме. Без тебе не би можела да поминам низ ова, ти си најдобриот другар на светот“.
„Ќара време е да спиеме!“
„Зар ти мене не ме сакаш?“
„Те сакам...“
„Добра ноќ best friend“.
„Те сакам, повеќе од тоа што ти мислиш“- со речиси нечуен глас го заврши разговорот Огнен, но Ќара одамна беше во длабок сон.
Седмата епизода од оваа неверојатна приказна, може да ја најдете ТУКА.
Ивона Марковска- Нона, 16 години, ученик во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“-Битола, автор на „Пронаоѓање“- самостојно издадена книга и „Аурора“- издавачка куќа Култура. Исто така автор на приказната „За да те пронајдам“, како и на голем број колумни и текстови. Го уредува и инстаграм профилот @a_soul_of_paper