Ќе ви помогнат да се изборите со додадените килограми во карантинот: Топ 7 апликации
Полека попуштаат мерките кои се донесоа во време на вонредната состојба, па така луѓето сега имаат повеќе време за да бидат во природа. Но, епидемијата на коронавирус с еуште трае, па затоа исто така мора да се внимава на пропишаните мерки. Иако се уште тератените не работат, многу луѓе посакаат да започнат со тренинзи, за да го наподолнат пропуштеното и да ги напалат непланирано покачените килограми за време на карантинот.
Доколку сакате да вежбата, а не сте сигурни како да почнете, помошта може да ја најдете помеѓу многуте мобилни апликации за вежбање. Апликациите може да бидат одличен начин за пронаоѓање на мотивација за вежбање, без оглед на тоа дали трчите, тренирате јога или смао сакате подобро да ги следите своите активност. Ова се неколку од нив:
Ова е забавен, иновативен и интерактивен начин кој ќе ве инспирира да почнете повеќе да трчите. Задачата е прилично едноставна: излегувате надвор и почнувате да трчите додека апликацијата е вклучена. Изненадно, на вашата виртуелна мапа ќе се појават зомбија, а ваша задача е да ги избегнете.
Рецензиите велат дека со оваа апликација лесно ќе заборавите дека сте на тренинг, туку сето тоа ќе ви стане прилично возбудливо, додека пробувате да ги избегнете сите зомбија! Звучните ефекти и импресивната приказна во потополност ќе ве навлечат.
Цена: Преземањето е бесплатно, 2 долари е преземањето на експазиите со дополнителни миси, 18 долари се плаќа за целосен пристап на сите опции.
Доколку сте тип на личност која сака да тренира скеој ден, ова е апликација за вас. Streaks Workout е одличен, бидејќи бара вежбање и го поедноставува истото - нема да ви треба никаква опрема и вежбите може да ги правите било каде. Правејќи ги основните вежби, како што се склекови, клекнувања, стомачни и кревање на колената ќе добиете ефективен тренинг во текот на денот, без да се чувствувате префорсирано. Оваа апликација исто так аможе да ви помогне да го следите својот напредок од ден во ден, за да можете да погледнете што имате постигнато.
Цена: 4 долари
Јогата е идеален начин за вежбање на телото и умот. Доколку сакате јогата да сте дел од вашата рутина, сигурно ќе сакате да ја тестирате оваа апликација. Таа нуди интернет паза на јога видеа за секој начин на живот и интензитет на вежбање. Без оглед дали сакате да направите една брза сесија пред работа или сакате долга сеанса на медитација пред спиење - оваа апликација има сè.
Цена: Преземањето е бесплатно, 23 долари е за месечна претплата, 200 долари за годишно членство.
Ова е апликација која ви помага да го следите своето одење, трчање или возење велосипед - и покажува колку пари имате соберено во добротворни цели! Количината на пари која може да ја заработите во добротворни цели е неограничена и не мора да трчате точно одредена патека за да станете донатор, може да заработувате скеој ден, со едноставно утринско трчење.
Цена: Бесплатно.
Доколку сте тип на личност која смета дека разни стимулатори те мотивираат повеќе од било што друго, можеби ова е апликацијата за вас. Оваа апликација плаќа вистински пари кога ги следите своите чекори, кога ја пријавувате храната која ја јадете или ги запишувате поминатите километри со вашиот велосипед. За секоја активност која ја пријавувате, заработувате одредени бодови, а 10.000 бодови имаат вредност од 10 долари. Не само што оваа апликација ќе ве поттикне да вежбате повеќе, туку и ќе го наполни вашиот паричник.
Цена: бесплатно.
# Lose it!
Идеална апликација за оние кои активно сакаат да слабеат. Можете едноставно да си ги следите калориите и другите париметри на исхрана. Освен тоа, може да ги забележете и вежбите кои ги правите. Кога ќе видите дека податоците за исхраната и вежбањето се судираат, подобро ќе може да ги разберете подрачјата кои можеби сакате да ги подобрите за да ги постигнете своите цели во процесот на слабеење. Дури и доколку не сакате да слабеете, корисно е пред себе да имате евиденција за исхраната и физичката активност.
Цена: Преземањето е бесплатно, 10 долари за премиум функции, 40 долари за една година премиум функции.
Концептот е едноставен: ги снимате своите активност како што се велопедизмот, трчањето, планинарењето или одењето. Оттаму лесно можете да ги следите вашето движење и да си поставите нови цели во зависност од тоа што сакате да постигнете. Сакате брзо да трчате? Оваа апликација може да ви помогне. Сакате да ги намалите килограмите? Секако, само поставете си цел и апликацијата може да ве води до неа. Исто така може да пристапите до дополнителни предизвици кои апликацијата ги нуди, за дополнителна доза на мотивација.
Цена: Преземањето е бесплатно, 10, 20 или 40 долари за месечна, тримесечна или годишна претплата.