Македонските регетонки се закитија со злато!

Македонските регетонки се закитија со злато!

Регетон е танц кој своите минути на „слава“ почнува да ги доживува во 90тите години. Нема одредени правила на танцување, доволно е само да имате слободен ум и ќе владеете одлично со него.


Заслугата на започнување со регетон во Македонија ја има Нина Лековска, а после 4 години гордо може да се пофали со своите регетонки Никица, Ива, Марија, Симона на чело со Сања Матеева. Имено, тие изминатиот викенд се закитија со медали и пехар за освоено прво место на Dance Off 2018 натпреварот.


Тие овде не застануваат, секојдневно вежбаат и ја негуваат љубовта кон регетонот. Доколку нивниот настап биде доволна испирација или пак успее да ја разигра љубовта кон регетонот, ќе ве очекуваат веќе на следниот час во Танцовиот клуб Сонриса.

И.М

Можеби ќе ве интересира: