Марко Чаласан: Македонскиот Бил Гејтс

Марко Чаласан: Македонскиот Бил Гејтс

Марко Чаласан или како што го нарекуваат македонскиот Бил Гејтс е познат по тоа што беше најмладиот сертифициран компјутерски систем администратор на возраст од само осум години и најмладиот сертифициран компјутерски системски инженер на возраст од девет години.

Јавноста за Марко Чаласан дозна во 2010 година кога се појави на неколку насловни страни на американски магазини, а Си Ен Ен објави приказна за момчето кое на осум години го добил сертификатот MCSA, Microsoft Certified Systems Administrator, со тоа соборувајќи го рекордот на М Лавинашри и Михеј Беркли, кои ги добиле сертификатите на 9 и 13 години.

Професорот Елена Ачковска-Лешковска од Институтот за психологија го тестирала Марко на седум години и открила дека тој има развиено високи емотивни и социјални способности што е ретка појава за надарените деца. Интересен факт за него е дека научил да чита и пишува на две години, а има напишано книга за процесот на пред-инсталација, инсталација и пост-инсталација на Windows 7.

Фото: Драган Ристовски и Фејсбук


Можеби ќе ве интересира: