МОМЧЕТО ВУНДЕРКИНД ЗАВРШИ ФАКУЛТЕТ НА 11 ГОДИНИ: Има зацртано дека ќе стане бесмртен, а другата цел е потполно морничава

МОМЧЕТО ВУНДЕРКИНД ЗАВРШИ ФАКУЛТЕТ НА 11 ГОДИНИ: Има зацртано дека ќе стане бесмртен, а другата цел е потполно морничава

11 - годишниот Лорен Симонс од Белгија успеа надвор од сите очекувања да дипломира физика на Универзитетот во Антверпен.

Симонс пука од самодоверба и вели дека не очекувал дека ќе потфрли. Тој за белгиските медиуми открива дека ова е само почеток на неговиот успех во животот.

„Многу ми е гајле дали сум најмлад. За мене работата е во тоа да учам и да добијам знаење“ - кажа Симонс, а потоа ги шокираше медиумите со констатацијата дека има план да живее вечно.

„Ова е првата сложувалка во мојата голема цел за еднаш да ги заменам деловите на своето тело со механички делови и така да станам киборг. Си зацртав на себе дека до крајот на животот ќе успеам да откријам како да дојдам до бесмртност. Засега сѐ изгледа како голема мистерија, но не грижете се, ќе го пронајдам патот до тоа да живеам вечно“ - додава Симонс за „De Telegraf“.


Лорен Симонс посетуваше и некои курсеви со магистерски програми. По летото официјално ќе ги започне магистерските студии - потврди потпаролот на Универзитетот во Антверпен.


Можеби ќе ве интересира: