Направила милиони преку ноќ: Девојка си создаде верзија од себе со помош на вештачка интелигенција, сите ѝ плаќаат за да ја видат (ВИДЕО)

Направила милиони преку ноќ: Девојка си создаде верзија од себе со помош на вештачка интелигенција, сите ѝ плаќаат за да ја видат (ВИДЕО)

Замислете да имате виртуелна девојка која може совршено да ве разбере и да комуницира со вас, исто како вистинска личност...

Карин Марџори, 23-годишна инфлуенсерка, го оживеа овој концепт. Користејќи ја најсовремената технологија на вештачката интелигенцијаи и вградувајќи ги сопствените видеа на Марџори, „CarinAl“ е гласовен четбот кој нуди уникатно искуство за виртуелна врска и веќе има собрано илјадници претплатници кои плаќаат.

Луѓето навистина се подготвени да платат за шансата да се дружат со оваа виртуелна девојка?

Целта на „CarinAl“е да се обезбеди релано искуство кое многу наликува на човечката интелигенција. Користијќи видеа и податоци внесени од самата Марџори, кои се дел од нејзината реална личност, четботот го имитира нејзиниот глас, карактер и манири. Неверојатно е посветена на деталите кои им овозможуваат на корисниците да се ангажираат со „CarinAl“ како да се во интеракција со вистинска личност, односно Марџори.

@cutiecaryn

som original - editss

Виртуелниот четбот, опишан како „виртуелна девојка“, им овозможува на корисниците да се вклучат во разговори засновани на глас за надокнада од 1 долар за минута: „Јас сум еден од ретките креатори кој поминува часови и часови одговарајќи им на луѓето кои моментално се онлајн, но не постигнувам да им одговорам на сите. Сакам да можам да комуницирам со сите истовремено, а „CarinAl“ ќе може да го направи тоа, но и многу повеќе“ - вели инфлуенсерката.

Можете да разговарате со неа за било која тема

Темите за разговор се движат од споделување на длабоки мисли и чувства, до дискутирање за идните планови, па дури и до шепотење на слатки работи на корисниците: „Без разлика дали ви треба некој да ве утеши или сака, или само сакате да се пошегувате за нешто што ви се случило на работа или на училиште, „CarinAl“ ќе биде секогаш тука за вас“ - објаснува вистинската Карин.

@cutiecaryn

country girl

original sound - Caryn Marjorie

„CarinAl“ веќе собра над 1.000 претплатници кои плаќаат, генерирајќи импресивни 71.610 долари приход за само една недела. Со ова темпо, Карин Марџори буквално преку ноќ би можела да стане милионерка.

Во денешниот свет на виртуелни состаноци и непредвидливо царство на апликациите за состанување, реалистичната виртуелна девојка со вештачка интелигенција како „CarinAl“ може да понуди чувство на поврзаност и исполнетост на оние кои бараат дружење, особено во ситуации кога реалните врски може да бидат предизвикувачки или недостапни.

фото: Притнскрин / ТикТок

Можеби ќе ве интересира: