Не е исто доколку испратиш сино, црно или срце што светка: Дознај што значи секој емотикон во оваа форма
Би било супер кога сите би го знаеле ова, бидејќи тогаш не би имало недоразбирања...
Има многу различни, од различни бои до оние розовите со раззлични додатоци, а секој од нив има некое свое значење. Знаеш ли кое?
Сите знаат дека ружите во различни бои имаат и поинакво значење, па така на пример црвената значи љубов, а жолтата љубомора или пријателство. Исто така, и емотиконите срце имаат поинакво значење со оглед на тоа во која се. Колку би била поедноставна комуникацијата кога сите би ги знаеле нивните значења и кога од обичен емотикон би било лесно да се заклучи што другата страна мисли за тебе. Иако самото срце значи нешто, ова се основните значање на секое од нив според бојата:
# Црвено срце
Иако ова срце се смета за најромантично, тоа е и најосновно. Импресивнo е и има посебно значење само кога некој ви го испраќа за првпат, а потоа го губи својот шарм. Кога симпатијата ќе ти го испрати за првпат, ќе бидеш пресреќен/пресреќна, но ако веќе некое време се гледаш со него/неа, ова црвено срце престанува да биде толку „вау“, нели? Ова е срце што исто така се испраќа како „поддршка“ на пријател или некој за кој се грижите.
Добро за: нови врски, давање поддршка на луѓето за кои се грижите.
Лошо за: љубовни односи што се повеќе од неколку состаноци.
# Портокалово срце
Ова е срце кое го испраќаат кукавици! Типично ќе го испратат момци кога се плашат да испратат црвено срце и ја одбираат портокаловата боја. Никој не го испраќа случајно и нема друго значење освен ова претходно споменатото.
Добро за: ситуации кога сакате да испратите црвено срце, но сте исплашени.
Лошо за: сè друго.
# Жолто срце
Жолтите срциња најчесто се користат помеѓу членовите на семејството, пријателите и романтичните врски кои се преселуваат на пријателска територија. Овој емотикон е одличен за да го испратите на вашата мајка за Денот на мајката или кога ќе треба да ѝ одговорите на пораката на баба ви. Тука е за сите пријателски и семејни односи.
Добро за: нови познаници на кои сакате да им покажете дека се грижите, но сепак сте пријатели или семејство.
Лошо за: момче / девојка.
# Зелено срце
Иако на почетокот може да помислите дека ова срце има врска со љубовта кон природата или заштитата на животната средина, сепак не. Најчесто се испраќа кога ќе побарате некого со кого не сте слушнале подолго време, на пример на крајот од пораката: „Еј, знам дека не сме се слушнале малку подолго, но...“
Добро за: познаници, луѓе што ги познавате преку вашите пријатели, полу-пријатели од основно или средно училиште.
Лошо за: луѓето за кои се грижите малку повеќе.
# Сино срце
Луѓето го доживуваат ова срце како „машко“ срце - затоа што е сино, а е приврзано за момчињата. Значењето што го има е многу подлабоко. Испратено е на оние кои имаат посебно место во вашето срце, на луѓе за кои се грижите малку повеќе, на оние за кои не можете да престанете да размислувате... Ова срце треба да биде резервирано за луѓе без кои не можете да си го замислите својот живот.
Добро за: специјални луѓе во вашиот живот.
Лошо за: луѓе за кои не се грижите.
# Виолетово срце
Виолетово срце се смета за страсно срце. Кога сте напалени и навистина сакате да видите некого, ова е срцето со кое можете да го кажете тоа. Се разбира, бидејќи значењето на боите не им е познато на сите, не е ни чудо што понекогаш се појавува во семејната група на некоја социјална мрежа на која комуницирате.
Добро за: PSP ситуации.
Лошо за: разговори во семејна група и момчиња / девојчиња со кои сте во сериозна врска, односно чии родители веќе сте ги запознале.
# Црно срце
Тоталната спротивност на црвеното срце е црното. Се користи кога сакате да изразете тага или во контекст кога се користи црн хумор. Тоа е исто така поврзано со ситуации кога сакате да кажете дека сте емоционално исцрпени.
Добро за: кога некој ве воодушевува со црн хумор, тажни ситуации.
Лошо за: покажување љубов.
# Скршено срце
Ова е повеќе од очигледно што значи. Кога некој ќе ви го скрши срцето или ќе ве разочара со некоја од своите постапки или зборови, испратете го ова емоџи и тоа ќе биде јасна порака до него. Се користи и во ситуации кога многу ви недостасува личност и во моментот не е во ваша близина.
Добро за: кога некој ќе ве разочара или кога некоj ви недостасува.
Лошо за: сите други ситуации затоа што тоа ќе биде погрешно разбрано.
# Срце како извичник
Ова е срцето што ќе го испратите на лицето со кое се допишувате за да му дадете до знаење дека сте возбудени за нешто што го очекувате, како на пример заедничко патување, одење во кино... Се користи кога сакате да покажете возбуда околу некоја идеја. Можете исто така да го испратите до личност на која сакате да ѝ покажете колку со нетрпение го чекате следниот состанок.
Добро за: покажете возбуда.
Лошо за: кога имате сериозни разговори, деловни разговори.
# Две срциња
Љубовта е во воздухот! Овие срциња треба да покажат дека се грижите за таа личност на малку поинаков начин. Одлични се за ситуации кога само што почнувате да се гледате со некого и кога со нетрпение очекувате нов состанок. Тие исто така можат да имаат подлабоко значење кога ќе ги испратите до луѓе што ги познавате подолго време - на пример, „ти и јас засекогаш“.
Добро за: Нови врски, BFF.
Лошо за: лицето со кое наскоро планирате да раскинете.
# Две срциња кои кружат
Кога вие и саканата личност сте на иста бранова должина околу вашата врска или кога имате исто мислење за нешто важно за вашата врска - овој емотикон е создаден за вакви контексти.
Добро за: прифаќање извинување, простување, извинување, кога сакате да оставите да се знае дека љубовта е во воздухот.
Лошо за: луѓе кои сакаат да имаат нешто со вас и ти ги признаваат своите чувства, но вие не чувствувате ништо за нив.
# Срце кое вибрира
Ова е ажурирана верзија на обичното црвено срце. Кога ќе кажете некому за првпат дека го сакате и испраќате обично срце, тоа е одличен почеток, и ова е срцето што можете да го испратите подоцна, што ќе покаже дека вашата љубов расте.
Добро за: момче / девојка, симпатија, кога ќе признаете на некој што ви се допаѓа, извинување.
Лошо за: луѓе со кои не мислите ништо сериозно на романтичен начин.
# Срце кое се зголемува
Значењето зад ова срце е всушност многу лесно да се разбере. Сè поголемото срце значи токму тоа - дека вашата љубов кон некого се зголемува. Кога сакате некому да кажете дека вашата врска отишла чекор погоре или дека сакате некого сè повеќе и повеќе секој ден, ова е вистинското срце за тоа. Се користи и во хумористични контексти - на пример, кога најдобрата пријателка ве изненадува со тоа што ќе направи торта за вашиот роденден, а потоа и се заблагодарувате повторно. На кратко, ова срце е одлично за сите ситуации кога чувствувате дека срцето ќе ви скокне од телото од среќа.
Добро за: ситуации кога сте пресреќни.
Лошо за: нема ситуација кога ова е лошо.
# Срце кое светка
Кога сакате да кажете некому дека го сакате, дека се грижите за таа личност и ја цените, но без никакви романтични импликации, ова е срцето што би било погодно за такви ситуации.
Добро за: сите ситуации.
Лошо за: не можете да погрешите со ова срце.
# Срце прободено со стрела
Значењето на ова срце е дека сте се заљубиле или дека сте заљубени. Одлично е кога, на пример, ви треба опис за фотографија со ново момче!
Добро за: известите некој дека сте заљубени во него.
Лошо за: момчето кое го моташ некое време, но знаеш дека никогаш нема да има ништо меѓу вас.
# Срце со панделка
Значењето зад ова срце е дека некој ви се допаѓа и сакате да му го дадете срцето. Ова срце е одлично за ситуации кога сакате врска што не е романтична да ја претворите во романтична.
Добро за: кога некој со кој се плеткаш тотално те маѓепсал.
Лошо за: ако не се грижите за некого, но сакате таа личност да се чувствува добро.
# Срце во кутија
Ова е најмалку популарно срце. Никој нема да го сфати како знак на љубов, туку само како - обично срце. Во кутија. Затоа, наместо тоа, испратете друго срце.
Добро за: никогаш.
Лошо за: сè.