Некогаш беше жртва на врсничко насилство, а сега е светски позната: „Толку многу ме измачуваа физички и емоционално што едвај останав жива“
Мислела дека пеколот ќе ја следи во текот на целиот живот, а потоа се случило вистинско чудо
Зизипо Солдет е родена со синдром на фокомелија, ретка состојба која предизвикува екстремни деформитети на екстремитетите. Имено, оваа 27-годишна жена нема една рака, а нејзината лева нога е многу пократка од десната. Поради тоа често имала проблеми со врсниците кои ја исмејувале поради нејзиниот изглед.
И покрај сè, таа сега е успешен модел и инфлуенсер.
- Кога бев помлада, секогаш знаев дека сум поинаква. Кога тргнав на училиште и почнав да зборувам англиски, истражував и дознав повеќе за мојата состојба. Потекнувам од сиромашно семејство и немаше средства за физикалната терапија што ми требаше - изјави таа за „Дејли стар“.
- Порано сонував да живеам во поинаков свет. Ми требаше цела вечност за да најдам пријатели. Плачев секоја вечер. Бев многу ранлива на училиште. За мене беше како затвор. Се чувствував осамено. Толку многу ме малтретираа и физички и емотивно, едноставно не можев да се одбранам. Злоупотребата беше постојана, а децата чувствуваа дека имаат право да кажат што сакаат – вели таа.
- Мојата пријателка ме инспирираше да почнам да објавувам фотографии на социјалните мрежи, како што тоа го прават американските инфлуенсери со попреченост. Таа денес има договор со две агенции за моделирање, едната во Африка, а другата во Америка. Соработува со бројни брендови - вели и тврди дека сето тоа ѝ изгледало како сон.
- На почетокот бев многу несигурна, но фотографиите на кои го прикажувам целото тело секогаш добиваат најмногу лајкови. Тоа ме охрабри и денес се чувствувам како сосема друга личност, полна сум со самодоверба – вели Зизипо.
- На почетокот не е лесно, но сепак вреди да излезете од вашата комфорна зона и да го пробате она што ве прави среќни - додава таа.
Извор: www.najzena.rs