Непознати детали од младоста на принцот Вилијам: Пред Кејт Мидлтон бил луд по неа, нема да верувате чија братучетка е!

Непознати детали од младоста на принцот Вилијам: Пред Кејт Мидлтон бил луд по неа, нема да верувате чија братучетка е!

Детали од интимноста на принцот Вилијам често протекуваат во јавноста

Тој, наводно, бил преокупиран со посебна дама во помладите денови – внуката на неговата сегашна маќеа Камил Паркер Боулс.

Пред да се запознае со сегашната сопруга и мајката на неговите деца, Кејт Мидлтон, додека студирал, Вилијам ја „пикирал“ Ема Паркер Боулс, пишува Glossy.

Според биографијата на принцезата Дајана, седумнаесетгодишниот Вилијам бил заљубен во Ема.

Интересно е што Вилијам своето тинејџерско внимание го насочил кон оваа дама, за која се вели дека многу личи на нејзината тетка.

Многумина коментираат дека голема e сличностa што Вилијам се заqубил во братучетка на жената што ја сакал неговиот татко.

Имено, неговиот татко, кралот Чарлс, со години ја изневеруваше принцезата Дајана со Камила, а исто така е познато дека тој ја сакал само неа цел живот. Тој успеа да се ожени со неа само кога поминаа повеќе од 8 години од несреќната смрт на Дајана, т.е. 2005 година. 

Наводно, Вилијам бил во врска со Ема во времето кога тој имал само 17 години, а таа веќе имала 25 години, т.е. во 1999 година. Ема останува близок член на кралското семејство до денес и честопати присуствува на разни церемонии со Вилијам и Кејт.

Според очевидците, Вилијам честопати знаел да гледа со љубов кон Ема, а таа внимателно го слушала секој збор што ќе и го каже младиот принц.

„Понекогаш тој зјапаше во неа на таков начин што сите присутни ќе беа засрамени“, рече еден од сведоците на љубовната ситуација на принцот Вилијам во 1999 година.


Можеби ќе ве интересира: