Новата сказна „Биби и џиновите“ ги освои и децата и родителите
Светот на Биби од синоќа се збогати со уште една сказна. На
големо задоволство на тимот, за нецели 16 часа има 4.000 прегледина втората
сказна на сезнајката Биби - „Биби и џиновите“.
Во новата епизода Биби ги учи децата колку е важно да се грижиме за себе и за околината и дека не постојат машки и женски работи.
За сценариото на приказната се погрижи Билјана
Црвенковска, режисер е Гоце Цветановски, арт-директор е Михајло Димитриевски-Тхе
Мичо. За гласот на Биби, како и за сите други ликови во сказната, и овој пат се
погрижи актерката Слаѓана Вујошевиќ.
Јутјуб-катчето на Биби веќе сведочи за повеќе од 400.000 прегледи.
Ви пренесуваме само дел од неколкуте десетици коментари на нашата публика по премиерата на „Биби и џиновите“:
- Пеењето на џиновите, гласот на вештерката, чистењето била женска работа! Нема такво нешто како женска работа!
- Целата приказна е прекрасна! Сказните со Биби се навистина многу интересни и поучни. Секоја чест и големо браво за овој прекрасен проект.
- Најмногу ја сакаме храбрата Биби, која секогаш е спремна да помогне!
- Дајте да ви ги видам рацете! А ушите? Иииии!!!
- Најмногу ни се допадна тоа што Биби е храбра, умна, весела, тоа што ги научи џиновите да бидат уредни и добри готвачи.
Тимот на „Светот на Биби“ веќе ја подготвува новогодишната сказна и ви ветуваме дека ќе биде полна со магија. А во меѓувреме следуваат уште нови содржини.