Пример за сите: Учениците и родителите од „Григор Прличев“ - Охрид создадоа новогодишна бајка во училишните простории (ФОТО)
Новогодишната атмосфера е насекаде околу нас - нашите омилени кафулиња се веќе украсени, домовите, продавниците во кои пазаруваме, некои дури ги украсија и своите автомобиле, но никако не смееме да ги заборавиме и училиштата.
Секој се труди што поубаво да го украси просторот во кој се движи, а кон овој тренд се приклучи и ООУ „Григор Прличев“ од Охрид. Учениците, родителите, но и наставниците создадоа вистинска новогодишна бајка во училишните простории.
Со ова покажаа дека со малку труд, ресурси и мотивиран тим, може да се создаде многу и да се биде вистински пример за сите.
„Волшепството започнува од кај нас... нека магичната атмосфера ве поведе и ајде заедно со нас да ѝ се радуваме на Новата... за среќа во неа...
Навистина е ова најубавото време од годината. Кога има само насмевки и убави мисли, кога секој секому му посакува само убаво... кога сакаме среќата да ја споделиме, кога сакаме себе си да си посакаме желба, но и кога другаруваме и кога радост насекаде делиме.
Магичната сказна во нашиот град, која го краси нашето училиште, започна од Прличевци... за кои нивните родители, пак, ја создадоа оваа прекрасна бајка од декорирани училишни простории.
Со тоа Советот на родите во нашето училиште го зпаочна со реализација проектот: „Подари среќа за среќна Нова“. Ваквиот успешен старт најавува и возбудливо продолжение со Новогодишен базар кој ќе ги стопли срцата не само на Прличевци, туку и на сите оние кои сакат да ја почувствуваат волшебната приказна која ја плете Новата година.“ - стоеше во описот на фотографиите, кои се најдоа на Фејсбук страницата на училиштето.
фото: Фејсбук