Професии кои изгледаат одлично, но не се: Луѓето што ги прават ги откриваат лошите страни на нивната работа
Доколку размислуваш за некоја од овие професии како твоја идна, не е лошо да знаеш што те очекува...
Сè има свои позитивни и негативни страни, дури и професиите и работите кои изгледаат одлично и гламурозно. Добро е да знаеш што сè лошо може да очекуваш, бидејќи така полесно ќе одлучиш дали тоа ќе биде работа за тебе.
Сите овие професии изгледаат многу привлечно и како нешто со што скеој би се занимавал. Првата реакција на овие може да биде „тоа е навистина супер“, но кога ќе прашаш некој кој навистина се занимава со тоа да ти раскаже, ќе воочиш дека и не е сè толку идеално. Секоја професија има некоја негативна страна, прашање е само дали за тебе е толку негативна. Ова се некои од професиите кои изгледаат привлечно и гламурозно, но и негативните страни кои доаѓаат со нив, а кои луѓето ги открија на „Редит“.
# Балерина
Да бидеш професионална балерина изгледа како професија која е идеално доколку си некој кој се занимава со танц, особено со балет. Доколку размислуваш за тоа еден ден своето хоби да го претвориш во професија, ќе мора да те разочараме, бидејќи шансите за да заработиш доволно од неа не се најдобри. Една балерина открива дека поголемиот број балерини кои ги гледаш на сцената се таму, затоа што тие платиле да бидат во таа претстава. А, доколку по неколку години успееш да дојдеш до тоа да настапуваш за некој, нема да заработуваш многу пари. Покрај напорното вежбање и труд кои треба да ги вложуваш секој ден, некогаш сето тоа ќе ти изгледа како мачење.
# Готвач
Ова моментално е најбараната професија, особено кога ќе започне сезоната. Готвачите можат да имаат високи плати и изгледа како добра работа. И е, но бара од личноста многу жртвување на слободното време. Работното време е одредено, но нема да можеш да одиш дома во истиот момент кога ќе ги изработиш тие 8 часа за тој ден, туку многу пати ќе треба да останеш подолго. Тука се и честите приговори дека нештото што го правиш не го правиш како што треба или дека не е добро - иако знаеш дека е. И што е најважно, кога некој те критизира не смееш да избувнеш, туку само да го поправиш, што не е лесно доколку си од избувлива природа.
# Адвокат
Во сериите и филмовите изгледа како да е гламуразна професија. Секогаш ќе бидеш елегантно облечен, ќе имаш висока плата, ќе ги спасуваш луѓето и ќе ги ставаш криминалците во затвор. Накратко, изгледа како адвокатите да живеат на висока нога и дека им е супер и интересно. Особено истражувањата за случаите и кавгите на судот со спротивната страна. Во реалноста, да се биде адвокат значи дека поголемиот дел од времето ќе седиш и ќе пишуваш „тези“, ќе се расправаш со документација и ќе се занимаваш со администрација.
# Ветеринар
Веринарите постојано се опкружени со животни, па како тоа може да има негативни страни? Да, вистина е, опркужени сте со животни, но болни животни и нивните, многу често, тешки сопственици кои мислат дека сè знаат најдобро. Освен што треба да се подготвиш за тежок факултет, некои работи кои ги прават ветеринарите не се воопшто убави, ниту удобни и треба да имаш добар желудник. Да се носиш со успивањето на животните и да ги гледаш во различни состојби и не е толку лесно. Покрај тоа, како лекари, ветеринарите исто така имаат договор со различни произведувачи на лекови кои ќе треба да им ги нудат на сопствениците на домашни миленици, иако некогаш знаат дека постојат и подобри решенија.
# Сјуардерса
Да бидеш стјуардеса е одлична работа, бидејќи постојано патуваш некаде! Или не? Да, патуваш постојано, но од сите локации на кои одиш, ниту 90% од нив нема да ги видиш. Некогаш ќе пристигнеш на локацијата во 3 наутро и ќе мораш директно да одиш во хотел на спиење, бидејќи следниот ден леташ, а некогаш нема ни да можеш да отидеш некаде подалеку од аеродромот и тоа единственото што ќе го видиш кога ќе стигнеш во Париз. Работното време ќе ти биде хаотично, а повремено и ќе се чувствуваш како да си келнерка, но во воздух.
# Работа во индустријата на видеоигри
Момците секогаш се привлечени од ваквите професии, бдиејќи мислат дека постојано ќе играат игри, но многу од професиите во гејминг индустријата не вклучува никакво играње на игри, туку вистинска работа на компјутер. Ќе ти треба познавање од математика и физика, а не вештини за убивање на други играчи во играта. Изработката на видеоигрите е најмногу поврзана со кодирање.
# Јутјуб
Ова е една од новите „професии“ која на многумина им изгледа привлечно. Работиш сам за себе, сам си го одредуваш работното време и всушност го правиш она што го сакаш. Сето тоа стои, но исто така, да бидеш Јутјубер значи и дека немаш никаква финансиска сигурност, работиш постојано и се трудиш, а потоа алгоритамот на Јутјуб ќе те зезне и ќе ја намали видливоста на твоите видеа. И тоа некогаш без причина. Да не зборуваме дека е претешко да се дојде до моментот кога ова ќе ти биде единствена професија и единствен извор на заработка. Можеш да се трудиш со години, да вложуваш во себе и својата опрема и да не успееш.
# Наставник
Да бидеш наставник е желба која често ја имаат девојчињата кога некој ќе ги праша што сакаат да бдиат кога ќе пораснат. Можеш да мислиш дека на овој начин ќе помогнеш во обликувањето на младите умови и ќе го промениш светот. Реалноста е дека за почеток тешко ќе најдеш работа, а кога ќе ја најдеш, ќе имаш толку мала плата, што дури е срамота, а ни учениците нема да бидат на твоја страна и секогаш ќе бидат неколку поединци поради кои ќе ти дојде да се скриеш некаде и неколку минути само да врескаш. Ќе оставиш трага на некој, но тоа ќе го платиш со нерви.
# Моден дизајнер
Уште една професија која изгледа гламурозно, но во која ретко кој успева. Дури ниту талентот некогаш не е пресуден за успех. Многу модни дизајнери започнуваат да работат бесплатно и тоа работи кои не се за дизајнирање, туку на пример најпрво се асистенти или само луѓе кои помагаат.