Samsung Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G: неверојатни иновации и безбедност за секого
Со надградени безбедносни функции и поживописно искуство на гледање, новите уреди од серијата Galaxy A ги демократизираат мобилните искустваза сите
Samsung Electronics денес ги претстави Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G, два паметни телефони кои ја демонстрираат постојаната посветеност на Samsung да ги направи најдобрите мобилни иновации достапни за секого. Двата уреди доаѓаат со обемни безбедносни функции како што е платформата Knox Трезор, како и со нови можности за фотографирање инспирирани од водечките иновации на камерата на Galaxy и неверојатен екран што се прилагодува на околината на корисниците со помош на Vision Booster.
„Со серијата Galaxy A ги претставуваме нашите најнови технологии на поширока публика, за повеќе луѓе да имаат придобивки од истите“, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Возбудени сме што ќе отвориме уште повеќе можности за серијата Galaxy A оваа година, вклучувајќи ја и платформата Samsung Knox Трезор за прв пат во оваа линија. Горди сме што им овозможуваме на корисниците на серијата Galaxy A безбедно и сигурно да уживаат во извонредните мобилни искуства“.
Центар за забава и креативност со разновидна фотографија и фантастичен екран
Со подобрената функција Nightography, Galaxy A55 5G создава појасни и поживописни фотографии дури и при лоши услови на осветлување. Тоа значи дека секоја ноќна фотографија може да достигне ново епско ниво. Напредната обработка на сигнал на слика (ISP) со вештачка интелигенција на Galaxy A55 5G создава неверојатни слики при слаба осветленост какви што досега не биле видени во серијата Galaxy A. Не е само пејзажот што изгледа неверојатно. Режимот Night Portrait и 12-битното HDR видео овозможуваат луѓето на секоја слика да изгледаат одлично, така што за снимање спомени со пријателите и семејството никогаш не е потребно совршено осветлување.
И Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G нудат неверојатни можности за фотографирање по кои е познат екосистемот Samsung Galaxy, вклучувајќи ги функциите оптичка стабилизација на сликата (OIS) и дигитална стабилизација на видео записот (VDIS), кои ги одржуваат фотографиите и видео записите јасни дури и кога снимате во движење.
Новите уреди, исто така, ја продолжуваат традицијата на серијата Galaxy A за создавање забавни и имерсивни мобилни искуства достапни за сите. Корисниците можат да уживаат гледајќи ги најновите емисии или прелистувајќи ги социјалните мрежи преку Super AMOLED екранот, кој покажува неверојатна јасност во Full High Definition. Тие, исто така, можат да сметаат на 6,6-инчниот екран[1] на Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G, кој е чист и светол при различна услови на осветлување благодарение на Vision Booster.
Демократизирање на најмоќните безбедносни иновации на Samsung за интелигентна и долготрајна заштита на повеќе корисници
Оваа година, Samsung за првпат ја носи една од своите најиновативни водечки безбедносни функции, Samsung Knox Трезор на корисниците на серијата Galaxy A, вклучително и на новите Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G. Безбедносното хардверско решение отпорно на неовластени промени, Samsung Knox Трезор, нуди сеопфатна заштита и од хардверски и од софтверски напади преку креирање на безбедна средина за извршување, која е физички изолирана од главниот процесор и меморијата на системот. Можеби да помогне во заштитата на најважните податоци на уредот, вклучувајќи ги и акредитациите за заклучен екран, како што се PIN-кодовите, лозинките и шемите. Samsung Knox Трезор, исто така, ги штити клучевите за шифрирање на уредот, шифрирајќи ги приватните податоци на корисниците складирани во уредот. Само корисник кој ги има точните акредитации за заклучување на екранот може да пристапи до своите податоци, дури и ако уредот е изгубен или украден.
Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G се, исто така, обезбедени со Samsung Knox, повеќеслојната безбедносна платформа на Galaxy. Една од најдоверливите безбедносни платформи во светот, Samsung Knox ги штити важните информации и штити од ранливости со безбеден хардвер, откривање закани во реално време и заедничка заштита, применувајќи холистички пристап низ целиот екосистем на Galaxy.
За да бидете заштитени на повеќе начини, серијата Galaxy A нуди автоматски блокатор (Auto Blocker), пакет со дополнителни безбедносни мерки. Кога е вклучен, тој може да блокира инсталации на апликации од неовластени извори, да обезбеди безбедносни проверки на апликациите[2] за да скенира потенцијален малициозен софтвер и да блокира потенцијално малициозни команди и софтверски инсталации на вашиот уред додека е поврзан со USB-кабел. Корисниците на новата серија Galaxy A ќе имаат пристап и до контролната табла за безбедност и приватност на Galaxy, која полесно од кога било ќе им овозможи да гледаат и контролираат што се случува со нивните податоци и да ги повлечат сите дозволи кога ќе посакаат. Тие, исто така, можат да уживаат во функцијата Private Sharing (дел од Quick Share), која овозможува безбедно и шифрирано споделување на приватни датотеки што содржат важни лични или финансиски информации. За да се обезбеди доверливост, корисниците можат да ги контролираат дозволите за пристап на примателот и датумот на истекување на датотеката, но и да изберат да ги ограничат кадрите на екранот или преземањата.
Новите паметни телефони од серијата Galaxy A ја демонстрираат посветеноста на Samsung уредите на Galaxy да останат безбедни и ажурирани подолго време. Со Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G, корисниците и понатаму ќе имаат придобивки од четири генерации на Android OS и One UI надградби и пет години безбедносни ажурирања, оптимизирајќи го животниот циклус на уредите со тоа што ќе бидат опремени со сите најнови Galaxy и Android функции.
Беспрекорна врска со екосистемот Samsung Galaxy кој постојано се шири
Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G се целосно компатибилни со екосистемот Galaxy, овозможувајќи им на корисниците непречено и интегрирано искуство со низа Galaxy уреди. Корисниците можат да ги следат своите фитнес цели со поврзување на Galaxy Fit3 или часовникот Galaxy Watch6 на нивниот паметен телефон од серијата Galaxy A. Благодарение на Auto Switch, дојдовните повици автоматски ќе се префрлаат на поврзаните слушалки Galaxy Buds FE за поголема удобност.
Достапност
Новите паметни телефони Samsung Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G ќе бидат достапни во малопродажба од 29 март. Препорачаните малопродажни цени[3] за Galaxy A35 5G се од 22,199 МКД за конфигурацијата 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање и од 26,299 МКД за конфигурацијата 8 GB RAM и 256 GB простор за складирање. Во исто време, препорачаната малопродажна цена за Galaxy A55 5G со конфигурација 8 GB + 128 GB е од 27,999 МКД, а за конфигурацијата 8 GB + 256 GB е од 30,999 МКД. За повеќе информации за уредите и планираните промоции, компанијата ги повикува сите заинтересирани да ја посетат: www.samsung.com/mk.
[1] Мерено дијагонално, големината на екранот е 6,6 инчи во целосен правоаголник и 6,4 инчи со заоблените агли; вистинската површина за гледање е помала поради заоблените агли и отворот на камерата.
[2] Во моментов не е достапно на моделите на американски добавувачи.
[3] Samsung Electronics Austria GmbH не ги контролира ниту влијае на малопродажните цени на своите партнери. Партнерите на Samsung самостојно одлучуваат за своите малопродажни цени.
Пр објава