Сѐ поголем број на луѓе го посетуваат Инстаграм профилот на оваа девојка: Нејзините илустрации ќе ги разбудат и најдлабоките емоции во вас (ФОТО)
Украинската уметница Саша Анисимова се обиде да го врати животот во уништените згради на Харков...
На својот Инстаграм профил објави фотографии од разурнатиот град кој го разубавила со своите цртежи и илустрации. Во секој разурнат стан со своите цртежи го има вратено секојдневниот живот. Еден од нив го нарече „Украдени животи“.
„Денес полнам 30 години. Мислев дека сакам куќа, патувања, облека и уште многу други работи, но сега само сакам со своето куче да седам во саканиот Харков, да пијам кафе и да не читам вести за војната“ - напиша на една од илустрациите.
Нејзините цртежи станаа вирални и допреа до многу корисници на социјалните мрежи.
„Не знам колку ќе трае тоа, не знам колку луѓе останаа без покрив над глава, не знам кога ќе престанеме да слушаме бучава. Знам дека ги живеевме своите нормални животи, но тие тоа ни го украдоа и тоа го нарекоа спасување. Никогаш нема да ја разберам војната и никогаш нема да го заборавам тоа страшно утро. Никогаш нема да разберам како можеш да извикуваш лаги“ - додаде Саша.
фото: Принтскрин / Инстаграм