Се разболела и останала без половина тело: Денес е шминкерка која создава чуда без раце
Кејтлин Добрал од Јужна Калифорнија, имала здрав и активен живот пред да заболи од менингитис и да остане без половина тело, но тоа не ја спречило да ги оствари своите соништа.
Застрашувачката болест ѝ одземала повеќе од 50 отсто од кожата и лекарите биле приморани да ѝ ги амбутираат сите четири есктремитети. Таа ноќ кога била примена во болница, Кејтлин имала силна главоболка, страшна треска и постојано повраќала.
„Мајка ми ме праша дали сакам да ме одведат во болница. Се сеќавам дека одев во тоалет и паднав на колена, почувствував дека нозете полека почнуваат да ми трнат. Тоа беше последен пат кога стоев на нозете“ - објасни младата шминкерка и додаде:
„Во првите 12 часа моето цело тело поприми виолетов пигмент. Менингитисот влезе во мојот крвоток и ја сопре циркулацијата во целото тело. Кога бев примена во болница мораа да ми ја ампутираат раката, но набрзо останав и без рака и нога.“
Болеста се ширела брзо и Кејтлин останала без 57 отсто од својата кожа. Поради ова морала да оди на неколку операции за да ги санираат оштетените подрачја. Големиот број операции биле поврзани со земаше кожа од подрачјата кои не биле погодени од менингитисот, како што е кожата на грбот и пренесување на истата на воспалените рани.
После сето тоа што ѝ се случило, Кејтлин го пронашла новиот животен повик, шминкањето, на кое му се посветила за да го сочува своето ментално здравје.
„Сама научив како да се шминкам. Додека заздравував од операциите гледав многу туторијали на Јутјуб, затоа и си направив свој канал. Изгледаше забавно и помислив, па и јас можам да го правам ова“ - кажа Кејтлин.
На Јутјуб каналот има повеќе од 235.000 следбеници и вкупно 16 милиони прегледи.
Храбрата шминкерка вели дека нејзината болест ѝ овозможила нов поглед на светот, но дека та аи понатаму е истата стара Кејтлин.
„Пред да се разболам бев малку дрска, иако и понатаму сум таква. Свесна сум дека мојот живот не е ист и се навикнувам на ситуацијата. Кога објавувам видеа на Јутјуб или на Инстаграм, се чувствувам малку подобро, бидејќи сепак работам нешто во што сум добра. Некои од моите следбеници, кои се борат со депресија, ми кажаа дека ги инспирирам да станат од кревет.“
Таткото на Кејтлин вели дека ѝ се воодушевува на ќерка му, бидејќи иако поминала низ тешка болест и понатаму е среќна, жива и здрава.