Се враќаат ли на сцена романтичните комедии?
Филмскиот жанр
кој пред петнаесетина години беше апсолутен хит последниве неколку години, вампирите, постапокалиптичните ликови и
паранормалните сцени, како да
го исфрлија од игра. Пред неполни пет
години медиумите и порталите наголемо пишуваа дека „ром-ком‟
филмовите веќе се мртви и дека Холувуд повеќе ги
цени филмовите кои имаат потенцијал за продолженија. Како факт го наведуваа и
тоа дека на девојките повеќе не им се плаче на патетични сцени. Токму
спротивното се докажа последниве неколку месеци по премиерите на неколку
филмови од овој жанр.
Колку и да мислиш дека има илјадници попаметни работи што би можела да ги правиш од гледање романтични комедиии, изгледај ги трејлерите за овие неколку филмови, па процени дали вреди да изгледаш барем неколку.
To All the Boys I’ve Loved Before
Замисли сите симпатии
што си ги имала до сегa да
дознаат што чувствуваш за нив и тоа преку писма. Шеснаесет годишната Лара Џин ги
чува сите писма што им ги пишувала на момците во кои била вљубена и ги чува
само за себе, сè додека еден
ден тие писма не излзат на виделина...
Sierra Burgess Is a Loser
Со неколку
килограми повеќе и епитет „бубалица‟, Сиера го менува својот
идентитет со најпопуларната девојка во
училиштето за да ја пронајде вистинската љубов...
The Kissing Booth
Што ќе се случи ако ги прекршиш правилата со најдобриот другар од пелини, само затоа што си заљубена но неговиот постар брат?
When We First Met
Девојката од
твоите соништа за тебе мисли дека сте само најдобри другари? По три години
прашување каде погрешил Ноа буквално ќе го врати времето само за да ја
освои љувовта на неговиот живот.