Си направила локни со стапчиња за уши: Како испадна финалниот резултат? (ВИДЕО)
Некои девојки локни прават со чорапи, некои со стара маица, а оваа девојка со стапчиња за уши...
Добиваме сѐ повеќе идеи за тоа како да направиме локни - и тоа без топлина. Тоа значи дека косата на овој начин помалку ќе ти се уништува, отколку кога ја загреваш со пегла или некој друг апарат за стилизирање коса. Единствено нешто што ти е потребно е порано да се сетиш пред да почнеш да ги правиш.
Оние деовјки кои кадрава коса сакаат да им биде рамна, а оние кои имаат рамна, сакаат да им биде кадрава. Со сите апарати кои денес постојат, лесно е да ја испративите или извиткате косата. Но, сепак, сите тие уреди кои ја загреваат косата не се толку добри за неа, особено доколку се користат често. Затоа девојките пронаоѓаат нови начини како да добијат што поубави и подобри локни, без да користат пегла, фигаро или некоја слична алатка.
Така, оваа девојка се обидела да направи локни со стапчиња за уши. Да, добро прочита. Ова никако нема да биде добра идеја за девојките кои имаат густа коса, бидејќи ќе им требаат 100 саати за целиот процес.
Како што покажа, прво се става пена за коса, потоа се зима стапче за уши и околу него се мотаат мали прамени коса. Кога ќе се замота праменот, стапчето треба да се превитка. Целата постапка ја повторуваш, додека не ја завршиш целата коса. Ти препорачуваме некој да ти помогне со оној дел од позади. Идеално би било да ја оставиш така преку цела ноќ, или ако ја навиткаш наутро, да ја оставиш до вечерта. Кога ќе почнеш да ги вадиш стапчињата тоа ќе изгледа некако вака:
Но, не можеш да ги оставиш локните така, или можеш ако ти се допаѓаат. Иако, би требало да ги расчешлаш за фризурата да биде готова. И на крајот, тоа ќе изгледа вака:
Вистинска афро фризура! Супер идеја за во лето, но само ако имаш многу нерви и трпение. Иако не кажува во видеото, сигурно ѝ било потребно многу време за целата постапка.
фото: Принтскрин / ТикТок