Стана хит поради начинот на кој ја намести косата: Погледнете зошто принцезата Шарлот стана главна тема на социјалните мрежи

Стана хит поради начинот на кој ја намести косата: Погледнете зошто принцезата Шарлот стана главна тема на социјалните мрежи

Објавена во: Stars // YouTube видеа

фото: Profimedia

Кралицата Елизабета Втора е погребана, но бројни информации и впечатоци сè уште не се завршени.

Една од главните теми на погребот на векот, се децата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, а со оглед на тоа што Вилијам е и идниот крал, важноста на Џорџ и Шарлот кои беа на погребот е дотолку поголема.

Вилијам и Кејт првично се двоумеле дали да ги однесат своите две најстари деца на погребот на кралицата Елизабета Втора и на крајот одлучиле дека Џорџ и Шарлот се доволно возрасни за да разберат се што се случува околу нив.

Кога пристигнале во Вестминстерската палата, секој нивен потег бил следен и потоа длабоко анализиран во медиумите. Иако можеби не е паметно и добро за дете, притисокот што го издржа малата Шарлот е за пофалба.

Никој не го пропушти моментот кога Шарлот по излегувањето од автомобилот во еден потег ја среди косата, па многумина коментираа дека таа е вистинската за идна кралица и дека е невозможно да не се сака таква девојка.


Еден од најинтересните коментари беше „таа веќе е икона! Ана Винтур веројатно само чека да наполни 18 години и да ја краси насловната страница на Вог“.

А Шарлот, како и сите други, следеше строг кодекс на облекување, па иако многумина мислеа дека ќе биде облечена во друга нијанса, таа сепак се појави во црно палто и шешир, за првпат, и беше особено шармантна.

извор:GLOSSY

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: