Тилан Блондо во чевли кои ќе бидат хит оваа пролет: Рамниот, елегантен и минималистички модел ги освои жените (ФОТО)

Тилан Блондо во чевли кои ќе бидат хит оваа пролет: Рамниот, елегантен и минималистички модел ги освои жените (ФОТО)

Објавена во: Мода // In and Out

Најубавото девојче на светот прошета рамни чевли кои ќе бидат хит оваа пролет...

Кога не се шета на модните писти, некогашното најубаво девојче на светот ужива во новитетите на дизајнерските брендови од првите редови. Како и многу пати досега, познатата Французинка во улога на ѕвезда го красеше шоуто на брендот „Miu Miu“ во Париз.

Откако беше дел од ревијата на „Diesel“ на Модната недела во Милано, 21-годишната Тилан Блондо се упати во Париз каде присуствуваше на претставувањето на новата колекција на „Miu Miu“.

Како и на ревијата на брендот одржана во октомври минатата година и овој пат фокусот го стави на нозете. Носеше црно мини здолниште, кое го искомбинира со тесна плетена ролка, како и минијатурна чанта и тренди мокасини, а за сите парчиња од нејзината комбинација се потпишува „Miu Miu“.

Некогаш омразени, а денес навистина популарни, мокасните ја продолжуваат својата доминација кога станува збор за обувките кои ќе се носат оваа сезона. Овие тренди чевли пред две години го доживеаа своето големо враќање и од тогаш не се симнаа од тронот, а најубавото девојче докажа дека во чекор ги следи трендовите.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: