Тинејџерка ќе тргне на пат околу светот: Дали ќе го сруши рекордот?

Тинејџерка ќе тргне на пат околу светот: Дали ќе го сруши рекордот?

Најголем предизвик ќе биде одењето во запуштени места, како што се северна Русија или Гренланд...

19-годишната Зара Ратерфорд, која има британско и белгиско државјанство, следниот месец ќе тргне од својот роден град Брисел, на патување од 51.000 километри.

Ќе лета со најбрзиот авион во светот, ултралесната „шарка“. Ако успешно ја заврши задачата, таа ќе биде најмладата личност која летала со микро - авион и најмладата жена која самостојно летала околу светот.

Моменталниот рекорд го држи Шест Вајц, која патувањето го заврши кога имаше 30 години.

Оваа тинејџерка го следи патот на своите родители, кои и двајцата се пилоти. Зара Редерфорд, најавувајќи го рекордот на аеродромот Пофам во близина на Винчестер, за новинарската агенција „ПА“ кажа:

„Најголем предизивик ќе биде одењето на запуштини места, како северна Русија и Гренланд, бидејќи нема многу луѓе кои живеат таму, па ако нешто тргне на лошо, би можела да бидам во непријатна ситуација. Морам да признаам дека сум малку нервозна и возбудена.“

Зара Радерфорд, која планира да студира компјутерски науки или електротехника и чија амбиција е да стане астронаут, наведува:

„На почетокот планирав да летам околу светот поради авантура, за време на моите слободни години, не мислејќи на тоа дека ќе станам најмладата жена која ќе прелета толкав пат“.

Тинејџерката патувањето ќе си го финансира сама, со помош на спонзорства и се надева дека ќе го заврши најмногу за три месеци.


Можеби ќе ве интересира: