Уметност во буквална смисла на зборот: Наталија важи за една најталентираните мејкап инфлуесерки чии ремек дела оставаат без зборови
Шминката може да помогне да ги сокриете непосакуваните работи на лицето, па дури може и да ви помогне потполно да го промените обликот на истото. Една инфлуенсерка на Инстаграм се одлучи на сите да им покаже дека шминката не е само за корекција, туку и за уметност.
Инстаграм инфлуенсерката Наталија Спирла, од Полска, редовно споделува фотографии на својот профил на кои ја покажува нејзината вештина сликање со сенка за шминкање.
Наталија не е обична блогерка која сака да се шминка, таа е вистински уметник, а својот талент го има извежбано до совршенство - како што може и да се види од нејзините објави.
Во една прилика таа на својот очен капак го насликала ремек делото „Импресија, изгрејсонце“.
Меѓутоа, таа најчето ги „слика“ познатите сцени од култните цртани филмови, како што се „Аладин“, „Бамби“, „Заспаната убавица“, па дури и „Симпсонови“.