За секој хороскопски знак различно место: Каде ќе ја запознаеш сродната душа?
Каде ќе те чека љубовта на твојот живот?
Доколку ти здодеа да чекаш да се појави совршената личност во животот, тргни во акција. Но, од каде да ја почнеш потрагата по сродна душа? Хороскопот ти дава предлог:
Овен - теретана
Овој знак едноставно не може да биде со личност која е пасивна и која не живее доволно динамичен живот.
Бик - ресторан
Уживањето во убавите работи во животот е филозофијата до која се држат Биковите, па не не чуди доколку сродната душа ја најдеш на едно такво место. Храната е една од тие работи, а сродната душа сигурно ќе ја најдеш во некој ресторан.
Близнаци - состанок на слепо
Да одат на состанок е чекор до кој често не стигнуваат, бидејќи често се откажуваат од таа личност, но доколку некој ви договори состанок на слепо... тоа е ситуација кога нешто би можело да се случи.
Рак - кино
Овој знак ги има изгледано сите романтични комедии кои постојат на светот и сонува еден ден да се најде како главен лик на една таква приказна. Затоа киното е вистинското место за среќавање со сродната душа.
Лав - забава
Лавот сака што повеќе луѓето да му се воодушевуваат, приоѓаат... но, додека уживаат во тоа внимание, може да се случи погледот да им се фиксира на една личност која ќе ги освои од прва.
Девица - на кафе со пријателите
На девиците им треба некој кој ќе им го привлече вниманието, како некое слатко момче или слатка девојка од соседната маса.
Вага - прошетка
Ќе го освои вниманието на другите со својот оптимизам и радост, а доколку на некој ваков случаен начин запознае некој, тоа ќе биде одлична приказна која ќе може на сите да им ја раскажува одново и одново.
Шкорпија - книжара
Не може да замислат подобро сценарио од ота во исто време тие и нивната сродна душа да посегнат по иста книга на полицата. Веднаш ќе знаат дека имаат нешто заедничко и тоа им е доволно.
Стрелец - патување
Фактот дека и таа личност сака патувања и истражува нови место ќе биде доволен за да се појават некои искри.
Јарец - училиште
Тие се внимателни и сконцентрирани на учењето, а бидејќи најголемиот дел се на училиште, не е невозможно сродната душа да ја пронајдат таму.
Водолија - старечки дом
Не може да се замислат со некој со кој не може да разговараат до три наутро, а својата сродна душа ќе ја запознаат во старите години, во некој старечки дом.
Риби - музеј
На креативните Риби им треба личност која ќе ја разбира нивната љубов кон уметноста, некој со кој ќе може да одат на изложби и слично.