Замаглувањето на очилата повеќе нема да ви биде проблем: Едноставен трик кој ќе ве спаси од маки
Луѓето кои носат очила знаат колку е незгодно за време на овие ладни денови од улица да влезат во топла просторија - стаклата се замаглуваат во истата секунда, а тогаш мора да се тргнат очилата и да почекате да се одмаглат.
Трикот за како да го спречите тоа не може да биде поедноставен - земете мека крпа, на неа ставете малку средство за миење садови и пребришете ги стаклата. Оставете ги очилата едно 15 - тина минути за да се исупат, а потоа пребришете ги со крпа од микрофибер.
На стаклата ќе остане заштитниот слој кој ќе ги штити од замаглување, што е особено корисно во овие ладни денови кога очилата се замаглуваат во истата секунда кога ќе влезете од ладно во топла просторија.
Исто така, постои и еден малку необичен начин за заштита на стаклата и сите стаклени површи од замаглување. Тоа е со употреба на сиров компир. Преполовете го компирот и премачкајте ја површината која сакате да ја заштитите од замаглување, пишува „24сата“.
фото: ahundt/pixabay.com