Заработуваат милиони, а немаат завршено ни средно образование: Поради кариерите го напуштиле училиштето и тврдат дека тоа им било најдобра одлука
„Никогаш не сум се чувствувала особено паметна“ - изјави една од најплатените актерки на денешницата...
Светските ѕвезди често истакнуваат дека образованието е многу важно и често ги поттикнуваат младите да учат. Сепак, и помеѓу нив има и такви кои не сакале да сефат во училишните клупи, па поради кариерата се откажале од училишето.
Иако денес имаат вртоглави цифри на своите банкарски сметки, овие ѕвезди немаат завршено ни средно училиште.
# Деми Мур
Тешкиот живот на актерката Деми Мур оставил последици на нејзиното образование. Мајка ѝ отсекогаш била проблематична и склона кон алкохолот, а очувот поради сиромаштијата извршил самоубиство. Сиромаштијата и тешката семејна ситуација ја навеле на 16 години да се откаже од училиштето и влезе во светот на шоу-бизнисот.
# Џенифер Лоренс
Актерката Лоренс глумеше многу ликови во филмови поради кои нејзината сметка во банка брои многу нули. Исто така, низ својата работа се стекнала со големо знаење и искуство, а воедно го остварила и својот најголем сон - да биде позната актерка. ТОкму поради желбата за професионална глума, Џенифер се откажала од средното училиште.
„Ми беше тешко на училиште. Никогаш не сум се чувствувала особено паметна. Технички немам матура, ниту диплома“ - призна актерката во една прилика.
# Идрис Елба
Британскиот актер и ди-џеј, 48-годишниот Идрис Елба, кој пред две години магазинот „People“ го прогласи за најсекси маж на светот, не може да се пофали со ласкава титула кога станува збор за образованието. Иако е најпознат по своите актерски улоги, Идрис својата музичка кариера ја има започнато на 14 години на свадби и многу брзо се откажал од училиштето за да можел да се посвети на својата работа како ди-џеј.
# Никол Кидман
Актерката својот успех го доби благодарение на улогата во филмот „Skin Deep“, кога имала само 16 години. Потоа, ѝ се отвориле многу можности, па дури има освоено и Оскар за најдобар главна улога и тоа за улогата во филмот „The Hours“. Со оглед на тоа што уште во 1983 година ја почнала својата актерска кариера, Никол одлучила да го прекине школувањето за да ѝ се посвети на кариерата.
# Даниел Редклиф
Британскиот актер јавноста најмногу го памети по улогата на волшебникот Хари Потер, кој бил одличен ученик во училиштето „Хогвортс“. Сепак, во вистинскиот живот, Даниел не завршил ни средно училиште, а никогаш не зажалил што поради кариерата се откажал од школувањето.
„Поприлично сум сигурен во својата интелигенција, а да останев во училиште, професорите би ми ја уништиле самодовербата, која ја вратив дури кога се најдов на филмскиот сет“ - кажа Даниел за странските медиуми.
# Ал Пачино
Еден од најплатените и најпопуларни актери, во втора година го напуштил средното училиште. Сиромаштијата го натерала да се откаже од училиштето и да најде работа.
„Не бев добар на училиште, не ги слушав предавањата внимателно, ниту бев сконцентриран. Мојата мајка имаше проблеми и немавме пари. Тогаш одлучив дека морам нешто да преземам“ - кажа познатиот актер.
# Сајмон Кауел
Британскиот продуцент го напуштил училиштето на 16 години, а во интервјуата често истакнува дека тоа му била најдобрата животна одлука.
„Оставете го училиштето на 16 години, ако сте подготвени да работите. Не знам зошто некој треба да го мачиш и присилуваш да биде на некое место, ако во исто време може да замине во светот и да сфати што е вистински живот и како да стане самостоен“ - призна Сајмон.
фото: Принтскрин / Инстаграм