Арбер Адеми: Сите опции се на маса и онаа за пролонгирање, но и за укинување на државната матура

Арбер Адеми: Сите опции се на маса и онаа за пролонгирање, но и за укинување на државната матура

Објавена во: Совети // School zone

Денеска прес конференција се обратија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Македонски Телеком Никола Аљушев и министерот за образование и наука Арбер Адеми. Тие пред своето обраќање потпишаа договор за донација за децата кои доаѓа од семејства кои што се приматели на социјална помош.

Со потпишувањето на денешниот договор се овозможува на сите ученици да им биде достапна наставата, која во основните и средни училишта која денес се остварува од дома.

По официјалните обраќања и потпишувањето на договорот министерот за образование одговори на неколку новинарски прашања, меѓу кои беше и она кое најмногу ги засега средношколците кои оваа година треба да матурираат, а тоа е државната матура.

„На повеќе наврати истакнавме дека ја следиме ситуацијата, околностите и состојбата со која се соочуваме, така што на повеќе наврати е дискутирано на оваа тема. Нема простор за загрижување, бидејќи секоја наша одлука која ќе ја донесеме ќе биде во насока и ќе биде мотивирана од најдобриот интерес на нашите ученици и никој нема да биде оштетен. Но, секако дека треба да се направат дополнителни анализи на сите предизвици со кои се соочува прашањето за државна матура. Сите опции се на маса и онаа за пролонгирање на државната матура, но и онаа за укинување. Така што водени по интересот на нашите средношколци ќе се одлучи.“ - истакна министерот за образование.

Избегнувајќи го одговорот на прашањето на нашата редакција „Дали доколку ученикот не ги завршува обврските кои му се доделени преку онлајн работилниците, професорот ќе може да му ја намали оценката и обратно, доколку покаже подобри резултати да му ја зголеми?“, министерот Адеми кажа:

„Ние продолжуваме на ист начин како во редовни и нормални околности. Така што упатството до сите наставници за начинот на оценување на нашите ученици е веќе потпишано од моја страна и е доставено до сите основни и средни училишта, а информативното и сумативното оценување е предвидено во тоа упатство и според покажаниот ангажман на секој ученик треба да се изврши и оценување. Дополнително и во уредбите за основно и средно образование е предвидена можноста за оценување на ученикот од страна на наставникот.“ 

И.М.

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: