Дани Димитровска: Како тинејџерка бев бушава, темпераментна и малку луда!

Дани Димитровска: Како тинејџерка бев бушава, темпераментна и малку луда!

Оваа недела на тинејџерските години се потсетува секогаш оригиналната и уникатна Дани Димитровска.

Како што ни откри таа во тинејџерските години најчесто со родителите се расправала околу времето за излегување.

„Бушава, темпераментна, по малку луда... Си имав проблем со моите родители за вечното пречекорување на времето за излез... Не знаев за ладно време, а летата беа распуст. Немав мобилен телефон и движењето низ град беше пешки. Љубов е секое потсетување на овој период...”, се потсети пејачката.

Дани на 7 март во Македонската Филхармонија од 20,30 часот, ќе го одржи концертот наречен „Рок Симфонија“. Таа ќе настапи со оркестарот на Македонска Филхармонија.

Можеби ќе ве интересира: