Еве што мора да знаете од вечерашното доделување на Оскари!

Еве што мора да знаете од вечерашното доделување на Оскари!

Објавена во: Stars // Филм

Доколку си љубител на филмови, тогаш сигурно едвај чекаш да започне вечерашното доделување, а еве што ќе не очекува!

Вечерва не очекува 91 – то доделување на Оскарите, а ќе се одржи во Dolby театарот  во Лос Анџелес. Ние доделувањето ќе го следиме некаде после полноќ, а оваа година нема да има домаќин. Имено, Kevin Hart се повлече од улогата поради невкусните и хомофобичните коментари упатени  на LGBT заедницата во минатото. Па така доделувањето по прв пат по 30 години ќе се оддржи без домаќин, туку само со помош на презентер, пишува RadioTimes.

Фаворити се секако, Lady Gaga & Bradley Cooper во категоријата најдобра оригинална песна со песната „Shallow“. „Green Book“ беше фаворит за победа во категоријата за најдобра слика, но изгледа дека филмот „Roma“ на Netflix е вистинска конкуренција. Режисерот на истиот, Alfonso Cuaron, моментално важи за најголем фаворит за наградата најдобар режисер. Се очекува наградата за најдобар актер ќе му припадне на Rami Malek за улогата во „Bohemian Rhapsody“, а Glenn Close за најдобра актерка.


Од изведувачите вечерва ќе може да ги видиме Queen изведбата на Adam Lambert, заедно со перформансите на номинираните. Потоа Jennifer Hudson ќе ја пее „I’ll Fight“ од документарецот RBG, номиниран за Оскар. Номинираните Gillian Welch и David Rawlings ќе настапат со песната „When a Cowboy Trades His Spurs for Wings“, а Bette Midler ќе ја претстави Mary Poppins со изведба на „The Place Where Go Lost Things Go“.


За овогодинешната свеченост уште не е објавена никаква посебна награда. Во минатото, Академијата додели Награда за посебно постигнување на филмските креатори кои даваат „вонреден придонерс“ на филмот.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: