ФИЛИП ПЕШЕВСКИ: „Доколку не сте искрени во музиката, публиката многу брзо ќе ве открие"!
Тој е млад, надежен пејач, но исто така и голем „кршач“ на женските срца. Освојува со својот шарм и харизма, а и со своето пеење. 22 годишниот, Филип Пешевски, само за hashtag.mk открива многу детали како од приватниот, така и од професионалниот живот. Во продолжение дознајте чии совети му се најважни, но и како се справува со „корпите“ кои релативно ретко ги добива од девојките.
# Слободно можеме да заклучиме дека си единствениот млад пејач, кој се појави на естрадното небо без да се појави во ниту едно балканско музичко натпреварување, а сепак за кратко време ги освои симпатиите кај публиката. Која е тајната на твојот успех?
Така е, се немам појавено на ниедно талент натпреварување мислам дека тоа е залудно и дека во музиката нема простор за натпревар. Со оглед на тоа што македонската публика е доста деликатна мојот почеток би го нарекол успех. Тајната е само вежбање, многу работа на себе и давање искрена љубов на публиката преку музиката. Доколку не сте искрени во музиката многу брзо ќе ве откријат.
# Пред неколку дена ја објави твојата најнова песна. Какви се импресии и како публиката ја прими оваа песна?
Песната поминува одлично и искрено не очекекував да ги добијам сите позитивни критики, бидејќи ова е моја прва песна која што музиката и идеата за спотот ја направив јас. Аражманот го направи Никола Автовски, текстот Елвир Мекиќ, а за видеото се погрижи BlackmagicProduction. Се надевам дека во ова лудо време на лаги и измами публиката ке ја разбере пораката која што им ја праќам преку оваа песна.
# Кога ќе те вратиме неколку годинини наназад, од каде ти се појави љубов за музиката?
Отсекогаш сум сакал музика. Случајно побарав да ми купат гитара, кога го отсвирев првиот акорд се заљубив и за среќа таа љубов не само што трае туку станува платонска.
# Кој е твоја инспирација или пак чии стапки ги следиш кога е музиката во прашање?
Инспирација за ова што го правам е публиката, моето семејство и
пријателите,
нивната искрена љубов ме мотивира да
творам и да работам на себе. Кога е музиката во прашање ги следам стапките и
советите на мојот професор и на мојот Арија Бенд.
# Чии совети ти се најважни?
Најважни ми се советите од мојата мајка.
# Кој совет ќе го памтиш и ќе го пренесеш и на твоите деца во иднина?
Бори се за твоите соништа докрај безразлика колку луѓето околу тебе ќе направат се за да не ти се остварат .
# Кога е љубовта во прашање, дали некогаш имаш добиено „корпа“ од девојче и секако доколку одговорот е да, како се справи со тоа?
Охооооо имам секако дека имам . Се справив така што си “фатив” подобра... хахах.
# Важиш за освојувач на женските срца. Постои ли некоја која го освоила твоето срце?
Да, за таков ме знаат. Секако дека постои, не би било нормално доколку не би постоела.
# Пред крајот да те вратиме назад во темата музика, каде се гледаш за десет години?
На некоја голема музичка сцена со мојот Арија Банд :)
# И како за крај, кој „хаштаг“ го користиш најмногу?
#љубов, бидејќи само таа може да не направи среќни и храбри, затоа сакајте се и не се срамете да го кажете тоа на некој што ви значи <3Ивана Мисајловска