Gordon Ramsay му е мотивација: 17 годишниот Душан Боболински e македонската надеж во гастрономијата!

Gordon Ramsay му е мотивација: 17 годишниот Душан Боболински e македонската надеж во гастрономијата!

Кулинарството е хоби, кое не секој може да го работи. За тоа треба многу време, трпение, но најважна од се е љубовта кон истото. Ретко кога можеме да стретнеме млад човек, пред се тинејџер кој ова хоби го преточува во идна професија, но ние се потрудивме и пронајдовме уште еден таков талент и кај нас.

Се вика Душан Боболински и на само 17 години професионално се занимава со гастрономијата. Учи во средното училиште Лазар Танев. Готвењето му е пасија, па следствено на тоа е на смерот „готвач“.

Вели дека уште од мали нозе ја сака оваа професија, а професионално започнал да се занимава кога започнал со прва година од средно училиште.

Член е ГастроМак, а позади себе има многу награди и признанија. Меѓу омилените го вбројува Првото место за божиќна овошна салата во Куманово во „Етно село“. Најновиот натревар на кој му се радува е оној кој ќе се одржи во Тирана, Албанија, а исто така и во Измир, Турција, кој ќе се одржи во мај.

Gordon Ramsay е човекот кој му е мотивација и инспирација, кој му е на некој начин идол од кој учи како да работи. Нашата редакција му посакува многу успеси и кариера слична на онаа на Gordon Ramsay.

Можеби ќе ве интересира: