Како да го поправам ова, имам само 10 години? Видеото од расплаканото девојче од Газа го покажува ужасот на војната на Блискиот исток

Како да го поправам ова, имам само 10 години? Видеото од расплаканото девојче од Газа го покажува ужасот на војната на Блискиот исток

Објавена во: Совети // Семејство

Видеото од расплаканато девојче од Газа кое стои покрај рушевините од својата куќа, плаче и го објаснува целиот ужас низ кој поминува за време на конфликтот помеѓу Израел и Хамас, стана тажен хит на Инстаграм.

Девојчето за кратко време стана симбол на страдањата на палестинскиот народ во конфликтот кој веќе влегува во втора недела и во кој секојдневно страдаат сè повеќе луѓе, вклучувајќи ги и децата.

„Болна сум, не знам. Не можам да работам ништо, видете го сево ова околу нас. Што очекувате да направам? Што можам јас да направам? Да го поправам ова? Па јас имам само 10 години“ - прашува расплаканото девојче додека ги покажува рушевините околу себе.

„Само сакам да станам доктор или нешто друго за да му помогнам на својот народ. Но, не можам, јас сум само дете. Преплашена сум. Сакам да направам нешто, но не знам што. Имам само 10 години“ - продолжува таа.

„Поради сево ова плачам секој ден. Повторувам во себе, со што го заслуживме ова. Моите родители ми велат дека тие не мразат. Не не сакаат затоа што сме муслимани. Зошто муслиманите така делуваат на нив“ - додаде девојчето.


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: